BMW Garmish е концептниот автомобил што Марчело Гандини го дизајнираше за Bertone и беше прикажан на салонот во Женева во 1970 година. Потоа се губи секаква трага од автомобилот. BMW изработи верна копија на овој автомобил и истата ќе биде прикажана на традиционалниот собир на скапоцени олдтајмери и ретки историски автомобили што секоја година се одржува покрај езерото Комо во Италија, во организација на баварскиот производител.
Италијанскиот дизајн се почитува во BMW уште од раните денови на марката. Легендарниот BMW 328 Mille Miglia е дело на Carrozzeria Touring, додека во BMW M1 јасно се препознава печатот на Џорџето Џуџаро. Во 1970 година, Bertone самостојно го креира концептниот автомобил BMW Garmisch, со цел да го прикаже креативниот потенцијал на дизајнерското студио.
https://photos.app.goo.gl/4JPJjkasikzCvWJo6
Намерата на тогашниот шеф Марчело Гандини била да се изработи купе од средната класа, со препознатлива форма за BMW, но со повеќе динамика и со извесна провокација. Последново најдобро се забележува во посебно нагласените „бубрези“, во комбинација со правоаголни светла. Необични детали се и отворите за воздух во задните столбови, во стил на спортските автомобили, како и заштитата од сонце за задното стакло со саќеста структура, како препознатлив печат на Гандини.
https://photos.app.goo.gl/4RgqEWi28MpCZRah7
Необични детали има и во кокпитот, како што е верикално поставеното радио во средишната конзола, преклопливото огледало на совозачката страна и екстравагантните бои и материјали. Дури и името било избрано да привлекува внимание, затоа што Гармиш во тоа време бил најпосакувано одредиште и сон за секој љубител на скијањето.
https://photos.app.goo.gl/rL5KTjjDefGFDknB6
Посебен предизвик за BMW беше тоа што од возилото не постои техничка документација, така што сопствените специјалисти за олдтајмери се потпираа единствено врз неколкуте фотографии. Голема помош беа советите од Марчело Гандини, особено во поглед на бојата на возилото, затоа што повеќето слики се црно бели. Новиот Garmish е изработен рачно во Торино, исто како и оригиналот пред близу 50 години.
https://photos.app.goo.gl/5VhqVgsBwL6EnWzL8
BMW се реши на овој чекор со цел да му оддаде почит на големиот дизајнер. Во 15-те години во кои раководи со Bertone, Марчело Гандини создава прочуени концептни автомобили, како Lancia Stratos Zero или Alfa Romeo Carabo. Неговото најпознато дело сепак е Lamborghini Miura. Тој учествува и во дизајнирањето на првата генерација на серијата 5 на BMW, во времето кога Пол Брак е главен дизајнер на баварската марка.
https://photos.app.goo.gl/YaevRgwqiY5mgkHC7
BMW со поздравно видео за заминувањето на Дитер Цече од Daimler
Новите модели од сериите 7 и 8 на BMW со кралски пречек во М Кар
BMW M8 ќе понуди „петта димензија“ на конфигурирање
Будимпешта доби 240 возила BMW и Mini за изнајмување на улица
















