за

BMW и Volkswagen најбарани како користени возила

На европскиот пазар на користени возила најбарани се возилата од германските марки. Една статистика открива за кои модели владее најголем интерес и што не смее да недостига во опремата.

При барање користено возило на интернет, купувачите покажуваат најголем интерес за германските марки. Петте најбарани модели на интернет берзата за користени возила Autoscout24 се од германските производители. Статистиката се базира на термините што ги пребарувале корисниците на оваа европска берза со околу два милиона возила.

Најбаран модел е серијата 3 на BMW. Четири проценти од сите корисници на интернет берзата во првата половина од годинава барале модел од баварската марка. Моделите од серијата 3 на BMW се продаваат по просечна цена од 16.000 евра. Со мал заостаток следи Volkswagen Golf, за кого се интересирале 3,6 проценти од корисниците. Неговата просечна цена на берзата е 12.500 евра.

На третото место е лимузината од средната класа Audi A4, со 2,3 проценти. Потоа следуваат серијата 5 на BMW, со 2,1 проценти, и класата C на Mercedes, со 1,7 процент. Средната класа на Audi и на Mercedes во просек чини 17.000 евра, додека најскапо возило меѓу најбараните пет е серијата 5 на BMW со просек од 23.000 евра.

Во опремата не смее да недостига клима уред. Со седум проценти, клима уредот е најбарана ставка што треба да ја поседува возилото во опремата. Потоа следат погонот на сите тркала (5,3 %) и системот за навигација (5,0 %). Од боите, најпопуларна е црната. Повеќе од една третина од корисниците ја бараат оваа боја, додека за белата се интересираат 13 проценти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Focus е најпродаван модел во светот

Продажбата на возила во Западна Европа расте повторно