за

Продажбата на возила во Западна Европа расте повторно

Во повеќе региони во светот во минатиот месец се продадоа повеќе возила отколку во ланскиот јуни. Западна Европа повторно е во плус.

Бројот на новорегистрирани возила во Западна Европа во минатиот месец се зголеми за 4 проценти на 954.300 примероци. Позитивниот резултат за јули е добар знак за очекуваното стабилизирање на продажбата на возила во втората половина од годината. Очигледно е дека економското закрепнување во Западна Европа се рефлектира и во продажбата на возила.

Дури и во Шпанија, Португалија и Грција е забележан двоцифрен пораст. Францускиот пазар, за прв пат по октомври 2011 година, повторно е во плус. Шпанија продаде 15 проценти повеќе возила, Португалија 17, а Грција повеќе од 12 проценти. Рекордно зголемување на продажбата е постигнато во Ирска, од дури 163 проценти. Вкупната продажба во првите седум месеци и натаму е пет проценти под минатогодишното ниво, кога се продадоа 7 милиони возила.

Двата најголеми пазари за автомобили во светот, САД и Кина, продолжуваат со сигурен раст. Во јули во САД се продадоа 14 проценти повеќе возила отколку во истиот месец лани, односно вкупно 1,3 милион возила. Кина следи со 1,1 милион возила, што е солидни 16 проценти повеќе од ланскиот јули – за првите седум месеци, пазарот во азиската земја порасна за повеќе од 20 проценти. Наспроти тоа, Јапонија е во минус од 10 проценти, со 401.900 возила, Русија исто така, со 234.600 возила, што претставува пад од осум проценти, додека во Бразил се продадоа за осум проценти помалку возила, односно вкупно 324.300 примероци, но за периодот од јануари до јули, бразилскиот пазар и натаму е во плус со 3 проценти и два милиона возила, благодарение првенствено на државните субвенции за нови автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW и Volkswagen најбарани како користени возила

Cadillac со две премиери во Франкфурт