за

Пазарот на батерии расте, автоиндустријата главен потрошувач

Webasto производство батерии

Побарувачката за батерии пораснала значително во минатата година. Голема заслуга за тоа има и електромобилноста.

Побарувачката за батерии расте постојано, посебно откако автоиндустријата почна масовно да преоѓа во ерата на електромобилноста. Пример за тоа доаѓа од германскиот пазар за батерии, каде што прометот лани се зголемил за 17 проценти, на вкупно 4,2 милијарди евра. Најголем удел имаат литиум-јон батериите, со 1,6 милијарда евра и со зголемување од 21 проценти. Пазарот за останатите батериски системи, вклучувајќи батерии цинк-воздух, „џебни“ литиум и никел-кадмиум батерии, пораснал за дури 40 проценти, на 1,7 милијарда евра.

Побарувачката за батерии расте првенствено поради напредувањето на електромобилноста и ширењето на инфрастуктурата за обновлива енергија. Литиум-јон батериите се клучна технологија за електричните автомобили, а се користат и во мобилни телефони, слушни уреди и електрични алати. Пазарот за овие батерии се зголемил четирикратно во периодот меѓу 2013 и 2019 година.

Приматот на пазарот на батериски ќелии сепак им припаѓа на азиските производители. Ќелиите оттаму пристигаат во Германија, каде што се врши само нивно конфенционирање во готови батерии за вградување. Бидејќи батериите се од стратешки интерес за автоиндустријата, тие ќе се произведуваат во фабрика во германскиот Кајзерслаутерн, во германско-француска соработка.

Електричните автобуси пред 50 години ја влечеа батеријата зад себе

Електричните автобуси пред 50 години ја влечеа батеријата зад себе
Електричните автобуси пред 50 години ја влечеа батеријата зад себе

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW прв воведува отклучување преку iPhone

BMW прв воведува отклучување преку iPhone

Opel-Mokka-e

Mokka: Уште еден Peugeot маскиран во Opel