за

Mokka: Уште еден Peugeot маскиран во Opel

Opel-Mokka-e
Opel-Mokka-e

Со култната каросериска боја на Opel Acona од 1970-те години и со иста техника од Peugeot 208 & Co, новата генерација на Mokka ќе стартува со испорака од следната година.

Mokka уживаше улога на ексклузивец во СУВ-сегментот, со можноста за возење со погон на сите тркала и со убавото наследство од Antara и Frontera. Но, бидејќи Оpel веќе неколку години е во сопственост на францускиот PSA, оваа ексклузивност исчезнува во новата генерација на некогаш популарниот модел. Уште една чудна одлука на францускиот менаџмент е тоа што Mokka, во почетокот на испораката што ќе следи дури в година, ќе биде достапна само со електричниот погон од Peugeot e-208. Изведбите со бензински и дизел мотори ќе следат подоцна.

Без субвенциите коишто зависат од пазар до пазар, или воошто не постојат, како што е случај со нашиот пазар, електричната Mokka ќе чини околу 35.000 евра. За верзиите со обичен мотор може да се смета на најмалку 25.000 евра, ако се има предвид дека во понудата на Opel веќе има модел во оваа класа (Crossland X) и дека новиот модел ќе биде позициониран како стилска и трендовска опција, а тоа значи и екстра цена.

Mokka е прв Opel со новиот дизајн на марката, со нос во ретро изглед, кого што дизајнерите го нарекуваат „Vizor“. Светлата и логото се интегрирани во нагласената маска. Во споредба со претходничката, новата Mokka е покуса за 12,5 сантиметри, односно е долга 4,15 метри. Багажникот се смали незначително на 350 литри.

Нов стил има и во внатрешноста, каде што се вградува дигитален кокпит со пречник од 12 инчи. Во средишната конзола се наоѓа дисплеј, со пречник меѓу седум и десет инчи зависно од изведбата. Со климата и радиото и натаму се ракува со класични копчиња и регулатори.

Електричниот погон е идентичен со Corsa-e, односно со електричниот Peugeot. Електромоторот располага со 100 kW (136 К) и 260 њутнметри и го задвижува тренди-кросоверот до најмногу 150 километри на час. Доколку се вози со умерена динамика, фабриката ветува досег до 320 километри со полна батерија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Webasto производство батерии

Пазарот на батерии расте, автоиндустријата главен потрошувач

Volkswagen Arteon, Arteon Shooting Brake 00008

Убаво е да се вози Volkswagen: Комби изведба од Arteon