за

Убаво е да се вози Volkswagen: Комби изведба од Arteon

Volkswagen Arteon, Arteon Shooting Brake 00008

Volkswagen прави уште еден храбар чекор и со Arteon Shooting Brake воведува спортско комби во врвот на својата понуда. Каросериската изведба што има верен круг обожуватели, пристига во рамките на моделското освежување на лимузинскиот знаменосец на Volkswagen. Промените кај Arteon се многу повеќе под хаубата отколку однадвор.

Arteon Shooting Brake се позиционира над Passat Variant, кој и натаму ужива висок удел во продажбата на моделот од средната класа на Volkswagen во Германија и на сите поголеми европски пазари. Во споредба со купе-лимузинската изведба со нејзините 1.557 литри, Arteon Shooting Brake располага со раскошен товарен простор со максимални 1.632 литри. Голем новитет е воведувањето на плагин-хибриден погон.

Кај освеженото годиште на Arteon се забележуваат новиот браник и светлечката лента што се нуди како опција. Таа ја следи целата ширина на носот и визуелно ги спојува светлата. Оваа лента не е достапна за плагин-хибридот, поради поклопецот на приклучокот за полнење. Задните светла со диодна техника имаат нова светлечка шема, браникот исто така е редизајниран.

Комби-купето Shooting Brake е значително подолго во споредба со купе-лимузината, при што линијата на покривот почнува да се спушта постепено веднаш по предните врати. Бандажите стандардно имаат пречник од 17 инчи, со доплата се вградуваат бандажи од 20 инчи. Нивоата на опрема отсега се водат под имињата Elegance и R-Line, покрај основното ниво.

Комплетно нов кокпит во Arteon и Arteon Shooting Brake, дигитални инструменти стандард

Големо освежување е кокпитот што сега се разликува од Passat. Во тој поглед, Arteon се докажува како знаменосец на марката и личи поблагородно, со комплетно нов кокпит, вклучувајќи и нов дизајн на воланот. По примерот од Golf, на воланот се наоѓаат сензорски полиња, преку коишто се ракува и со системите за асистенција.

Дигитални инструменти од 11,7 инчи (околу 30 сантиметри) се стандард. Аналогниот часовник повеќе не е дел од арматурната табла. Во целина, кокпитот изгледа свежо и модерно. Седењето назад е направено попријатно кај верзијата Shooting Brake, затоа што таванот е далеку од темето на главата на патниците. Во комбинација со изобилството простор за нозе, тоа овозможува и повисоки луѓе комотно да седат назад при подолги патувања.

Најважниот дел во опремата на освежениот Arteon е „асистентот за патување“. Тој ја комбинира работата на повеќе системи за асистенција и овозможува нивно активирање со само едно притискање на копче. Систем за следење лента и приспособлив темпомат дозволуваат Arteon да вози делумно автономно. Возачот притоа мора да ги држи дланките на воланот, затоа што системот во спротивно се исклучува.

https://photos.app.goo.gl/2q98QUzCA5JsZXCV6

Нова опција е озвучување од Harman Kardon, со дванаесет звучници и 16-канален засилувач со моќност од 700 вати. Највисокото ниво на системот за инфо-забава MIB 3 и натаму доаѓа со дисплеј од 9,2 инчи (околу 23 сантиметри), но станува збор за комплетно освежен систем. Arteon сега е вклучен постојано на мрежата. Apple Carplay работи безжично, а има и интелигентно говорно командување.

Како што можеше да се претпостави, новиот Arteon е достапен и во плагин-хибридна изведбна, со досег до 50 километри при возење само на струја. Системската моќност на погонската спрега што е позната од Passat GTE изнесува 218 КС.

Врвот во гамата му припаѓа на Arteon R со 320 КС и погон на сите тркала

Класичната понуда од мотори ја сочинуваат TDI со 150 КС, додека неговата врвна изведба достига 200 КС. Својствено за новите дизели на VW, за пречистувањето на издувните гасови се користи двојно впрскување адблу. Сите мотори доаѓаат стандардно со менувач со двојна спојка. Погон на сите тркала се нуди како опција кај дизелот со 200 КС. Од бензинците се достапни 2.0 TSI со 190 КС и негова верзија со 280 КС.

На врвот на гамата пристига Arteon R со дволитарец со 320 КС и вртежен момент од 420 њутнметри. Погонот на сите тркала во спортската топ-изведба е стандард, заедно со систем што ги потсопира внатрешните тркала во свијок при динамично возење, со цел да се компензира подуправувањето или надуправувањето.

Испораките на новото моделско годиште на Volkswagen Arteon и на новата изведба Arteon Shooting Brake ќе стартуваат веќе годинава, додека за верзијата R треба да се почека до следната година.

https://photos.app.goo.gl/aAATHhdBBwup9o6x5

https://photos.app.goo.gl/9WHkqifLDxRhPhec6

https://photos.app.goo.gl/cxLn4TKrBGrGJfzt5

https://photos.app.goo.gl/kRKAz2EhDRFT9tLX8

https://photos.app.goo.gl/Umqb5FFCE3ACMqQm8

https://photos.app.goo.gl/XCsgKfr296PTe4wu8

https://photos.app.goo.gl/JL1PjVuu72ckufPU9

https://youtu.be/ET10B-F8mIQ

Тест · Volkswagen Passat GTE: Примерниот играч што стана револуционер

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel-Mokka-e

Mokka: Уште еден Peugeot маскиран во Opel

Skoda Octavia Porsche Makedonija

Покрај голф-класа сега постои и октавија-класа