Аутомакедонија донесе и автобус на струја, само една страна запнува околу електромобилноста

Без меѓусебен договор или координирање, најголемите чинители во автомобилскиот бизнис во Македонија, низ бројни настани досега докажаа дека се способни и подготвени за електромобилноста. Аутомакедонија во духот на својата 75-годишнина се вклучи во „штекер“ и одржа масовно претставување на електричната страна на јавниот превоз. Најстарата адреса во автомобилизмот во меѓувреме продава и Tesla. Единствено отсуствува одговор од страна на државата, во насока на поздравување и поттикнување на електричниот погон.

Како дел од меѓународната промотивна тура “DEMO TOUR 2022” компанијата Аутомакедонија во текот на изминатите две недели го претстави целосно електричниот автобус – Isuzu NovoCITI Volt и во Македонија. NovoCITI VOLT се возеше на улиците на Струмица, Прилеп, Битола, Тетово, Куманово и Штип, а завршниот настан се случуваше во петокот во главниот град, со презентација на NovoCITI VOLT пред локалните оператори и претставниците на бизнис секторот. Возејќи се во овие 7 града и 23 населби од својата непосредна околина, повеќе од 2000 граѓани имаа можност “од прва рака” да се уверат во можностите кои овој еколошки автобус ги нуди во организирањето на урбаниот транспорт.

Во рамки на промотивната тура, Аутомакедонија и NovoCITI Volt ја поддржаа и еколошката акција “Куманово мој зелен дом”, организирана од страна на Општина Куманово. Во оваа акција беа посадени дрва кои ќе пораснат во нови бели дробови на градот, а NovoCITI VOLT со своите 0% емисија на CO2 придонесе превозот да биде 100% еколошки и без никакво загадување на околината.

Со својот електричен мотор и импресивниот дизајн, NovoCITI VOLT претставува најкомпетентно решение на пазарот кога станува збор за 0% емисии, ниска бучава и модерен концепт, кои се највисоко рангирани меѓу општинските приоритети во градскиот јавен превоз.

Локалните власти и операторите можат да ги искористат предностите на богатата палета на достапни опции на NovoCITI VOLT во зависност од нивните оперативни барања. Високо маневрирачки со должина од 8 метри, NovoCITI VOLT е лесен за оперативна примена дури и во најурбаните градски средини. Голема предност која го издвојува NovoCITI VOLT се ниските оперативни трошоци и максималната ефикасност. Покрај бенефитите за операторите и локалните власти, NovoCITI VOLT им обезбедува пријатно возење на патниците со својата пространа и удобна внатрешност и комплетната бесшумност. Опсегот на Volt достигнува до 350 km благодарение на своите батерии со високи перформанси со капацитет од 268 kW, што го прави сериозен конкурент и во меѓуградскиот транспорт на патници.

Иднината на градскиот и меѓуградскиот транспорт е тука – Isuzu Novociti Volt

Компанијата Аутомакедонија оваа година го прославува своето 75 годишно постоење на нашиот пазар. Со обележувањето на овој значаен јубилеј, Аутомакедонија воедно ја истакнува и својата стратешка определба за обезбедување на комплетна поддршка на електричната мобилност во сите сегменти на автомобилската индустрија, обезбедувањето на соодветна инфраструктура и фокус кон обновливи извори на енергија.

https://photos.app.goo.gl/owSsTShGGv3xFP5y9

https://photos.app.goo.gl/Q6yVvznT5gssMBKY6

https://photos.app.goo.gl/nEsQwSM9AZF73kmF7

https://photos.app.goo.gl/UP4gQDcG7XPhtCgP7

https://photos.app.goo.gl/bXmAaWupLhwdqbwp8

https://photos.app.goo.gl/Q1HVUdcofibbdTYx5

https://photos.app.goo.gl/71sDC5LaLQXEPhSk9

https://photos.app.goo.gl/oFtgpQupRHz2CCSj9

https://photos.app.goo.gl/sTu5ycUiSmCchxvLA

https://photos.app.goo.gl/EW8n8ZyxkAy35KZR9

https://photos.app.goo.gl/AaNweCSxU6oS48i9A

https://photos.app.goo.gl/ER4r3EPUvHvMWihXA

https://photos.app.goo.gl/JePzMemSXgrL7JTn7

https://photos.app.goo.gl/SjJ8PcJj9iCVfXzT6

Светот поставува датуми за електрични автобуси

Претходна објаваSuzuki Vitara Strong Hybrid · Колку менува брзото возење кај хибриден погон?
Следна објаваVolvo EX90 EV ќе биде подвижна електроцентрала

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here