за

Светот поставува датуми за електрични автобуси

Осум држави веќе поставија датум по кој што ќе се дозволуваат нови регистрации само за автобуси со чисто електричен погон.

Австрија, Данска, Нов Зеланд, Холандија, Калифорнија, Чиле, Колумбија и Република Зелен ‘Рт најавија дека во претстојните години ќе воведат ограничување, новите автобуси што ќе се регистрираат да бидат исклучиво со електричен погон.

Пет од осумте држави што предводат во воведувањето електричен погон во автобусите, веќе имаат и датуми по коишто целиот возен парк од автобуси ќе се состои исклучиво од возила со нулта емисија на штетни материи, главно електрични автобуси. Тоа се Данска, Холандија, Нов Зеланд, Калифорнија и Република Зелен ‘Рт. Слични планови има и Костарика, којашто е уште порадикална и по 2050 година ќе располага со возен парк што во 100% ќе се состои од автобуси со 100% чист погон.

Најпрогресивни се Данска, Нов Зеланд и Холандија, кои ќе регистрираат само 100% чисти автобуси по 2025 година. Данска го поставува тој услов само за градски автобуси, додека во нов Нов Зеланд условот важи за сите автобуси за јавен превоз. Автобусите се регулирани уште пред повеќе години во рамките на националните програми за зачувување на климата (Данска во 2018, Холандија во 2019).

New item by Automedia MK / Google Photos

Калифорнија ја постави 2029 година како клучна за електричните автобуси. Владата постави неколку скалила што ги водат компаниите за превоз постепено да го зголемуваат уделот на автобуси со нулта емисија во својот возен парк, за во 2029 година да се постигне целосно неутрален возен парк во однос на емисијата на СО2. И американската сојузна држава постапува според планот што го донесе уште во декември 2018 година.

Австрија има цел да постигне целосна климатска неутралност до 2040 година. Планот на алпската држава е по 2032 година да дозволува нови регистрации само за автобуси со 100% чиста емисија

Во рамките на COP26 повеќе држави потпишаа писмо на разбирање, со цел да се забрза електрификацијата на пазарот на товарни возила и по 2040 година да се купуваат само 100% чисти автобуси. Земји потписнички се Авструја, Канада, Чиле, Данска, Финска, Луксембург, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шкотска, Швајцарија, Турција, Обединетото Кралство, Уругвај и Велс.

New item by Automedia MK / Google Photos

Изненадуваат иницијативите на некои држави. Пакистан, на пример, цели 90% од продажбата на нови автобуси во 2040 година да отпаѓа на електрични возила, откако прво ќе се постигнат 50% во 2030 година. Планот беше најавен уште во 2019 година. Најмалку изненадува тоа што и Норвешка ќе го префрли автобускиот превоз на електричен погон: Во 2030 година треба 75 проценти од продажбата да отпаѓа на електрични автобуси. За градски превоз, 100% се во план уште во 2025 година.

И Кина, секако. Во 2020 година, во земјата биле продадени 80.000 автобуси со нулта емисија. Тоа се 90% од продажбата на нови автобуси во Кина.

Во ЕУ, автобусите со нулта емисија учествувале со 6% во 2020 година, а претходно во 2019 година биле 4 проценти. Холандија е шампион со 81% од новите градски автобуси со нулта емисија во 2020 година.

Национални владини цели за автобуси со 100% нулта емисија (состојба ноември 2021

Национална или субнационална влада Целта важи за возила од видот Нови регистрации / Продажба само за автобуси со 100% нулта емисија Целна година за 100% возен парк со нулта емисија
Данска Градски автобуси 2025 2030
Холандија Автобуси за јавен превоз 2025 2030
Нов Зеланд Автобуси за јавен превоз 2025 2035
Калифорнија (САД) Автобуси на јавно претпријатие 2029 2040
Австрија Автобуси 2032 нема
Република Зелен ‘Рт Автобуси 2035 2050
Чиле Автобуси за јавен превоз 2035 нема
Колумбија Брз автобуски превоз 2035 нема
Костарика Автобуси Нема 2050
Калифорнија, Колорадо, Конектикат, Хаваи, Мејн, Мериленд, Масачусетс, Њу Џерси, Њујорк, С. Каролина, Орегон, Пенсилванија, Род Ајленд, Вермонт, Вашингтон Товарни и стопански возила 2050 нема
Австрија, Канада, Чиле, Данска, Финска, Лукџембург, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шкотска, Швајцарија, Турција, Обединето Кралство, Уругвај, Велс Товарни и стопански возила 2040 нема

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen вложува 90 милијарди € во електрични автомобили

Електричната Škoda Enyaq најпродаван автомобил во Холандија во ноември