Volkswagen вложува 90 милијарди € во електрични автомобили

Во новите планови на концернот Volkswagen се менува и продукцијата, односно моделите што се произведуваат во одделните фабрики. Главата причина за сите промени се електричните автомобили.

Повеќе од половината од вкупните инвестиции на концернот Volkswagen во следните години се вложуваат за проширување на понудата од модели со електричен погон. Од вкупно 159 милијарди евра, 89 милијарди одат на сметка на ID.3 и сличните модели. Целта на Volkswagen е до 2025 година да стане водечки концерн во електромобилноста. Концернот предвидува дека секој четврти модел што ќе го произведе во 2026 година, ќе биде чисто електричен автомобил.

Најмногу искористи фабриката во Хановер, каде што досега првенствено се произведуваа товарни возила. Освен ID.Buzz, кој е трендовски наследник на „bully“, таму ќе се произведува и првиот автомобил од проектот Artemis. Тоа ќе биде сериска верзија произлезена од концептниот автомобил Audi Grandsphere. 

https://photos.app.goo.gl/YuwessctUJYG4qeq8

Во оваа фабрика ќе се произведува и ID.California, како возило за кампување. Според претходните планови, во Хановер требаше да се произведува Porsche, но тоа се смени во меѓувреме. Портфолиото ќе го дополнат возилата врз основа на ID.Buzz што ќе се произведуваат за службата за превоз на патници Moia, што е дел од концернот.

ID.3 се сели во Волфсбург

Електричниот погон го освојува и Волфсбург. На барање на работничкиот совет, дел од продукцијата на ID.3 од 2023 година ќе се пресели од Цвикау во матичната фабрика на концернот. Една година подоцна, целата продукција на ID.3 ќе доаѓа од Волфсбург. Шефот на концернот, Херберт Дис, на конференцијата изјави пред новинарите: „Волфсбург ќе служи како модел за пример за трансформацијата“. Надвор од постоечката фабрика ќе се гради комплетно нов погон за проектот Trinity. Тоа ќе му даде сосем нова физиономија на Волфсбург. „Само во фабриките во Долна Саксонија вложуваме 21 милијарди евра“, посочува Дис.

Audi SkySphere Concept

Залцгитер ќе стане европски центар за батерии. Надзорниот одбор се сложи за основање ново претпријатие што ќе биде задолжено за тоа. До 2030 година, од продажбата на батерии може да се постигне промет од околу 20 милијарди евра. Толку промет денес реализира Škoda. Во оваа фабрика се вложуваат две милијарди евра, за од 2025 година да стартува производство на ќелии за батерии за автомобили од најпродаваните класи. Се планираат и други фабрики.

Два модели на Porsche во Лајпцих

Уште е неизвесно што ќе се произведува во иднина во Оснабрик. Дис претходно најавуваше дека таму ќе се произведува нов модел на кабриолет со електричен погон, но тој модел повеќе не се спомнува во плановите на Volkswagen. Истото важи и за Стаклената Мануфактура, каде што моментно се произведуваат делови за ID.3. 

https://photos.app.goo.gl/wxNGg9vu5SW4MUnB8

Масивни вложувања во електромобилноста се предвидуваат и во останатите фабрики. Во Лајпцих ќе се произведуваат два премиум модели со електричен погон конструирани врз платформата PPE. Од претходно е познато дека таму од 2023 година ќе се произведува електричниот Macan. Во Лајпцих може да се вдоми и проектот K1, што досега беше планиран за Хановер. Тоа е лимузина врз платформата PPE, што досега не е прикажана во јавност. Panamera исто така за неколку години ќе добие електричен наследник. Porsche не посочува за кои точно модели станува збор. Според Дис, Porsche и натаму ќе биде „релативно независна“ марка.

Добри вести и за фабриката на Audi во Некарсулм, каде што во иднина ќе се произведува моделското семејство E6. Бидејќи првата генерација на наследникот на A6 ќе започне со производство во 2022 година во Инголштат, обновувањето на производствената програма во Некарсулм нема да се случи пред 2030 година. Во оваа фабрика дотогаш ќе се произведуваат исклучиво модели со мотори со внатрешно согорување. Исклучок е електричниот Audi e-tron GT, но тој се произведува во мала серија и во погон што е независен од останатите модели.

https://photos.app.goo.gl/wKm974FDRLMK4dHu7

Побавно ќе се одвиваат промените во фабриката во Брисел. Производството на Audi Q4 e-tron во белгиската фабрика првично требаше само да го амортизира преоѓањето од Audi e-tron на Q8 e-tron. Трансформацијата во Брисел ќе трае до 2026 година, кога ќе стартува Q8 e-tron.

Во шпанскиот Марторел, од 2025 година ќе се произведуваат компактни електрични модели. Оттаму ќе доаѓа фамилијата модели што ќе се базира врз ID.1. Во Памплона ќе се вдомат уште неколку електрични СУВ-модели. Конечното решение ќе зависи од државните субвенции.

Претходна објаваСо овој модел на Mazda се оди, а може и да се вози
Следна објаваСветот поставува датуми за електрични автобуси

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here