за

Audi A6 стана втор најпродаван модел на Инголштат

Audi A4 и A3 моментно се продаваат послабо од бизнис-крстосувачот A6. Заслуга за тоа има и богатата понуда од погонски единици, вклучувајќи и приклучен хибрид

Audi A6 стана втор најпродаван модел на Инголштат
Audi A6 стана втор најпродаван модел на Инголштат

Последиците од кризата секако дека се чувствуваат и во продажбата на Audi. Но, во меѓувреме пристигаат многу оптимистички вести. Лимузинската изведба на Audi A6 неочекувано се најде меѓу најпродаваните модели на марката од баварскиот Инголштат.

Колку што има причини за загриженост, толку има и повод за голем оптимизам. Така може кусо да се опише моменталното расположение во Audi, во премиум марката на концернот од Волфсбург. Додека волуменските марки неретко бележат преполовување на продажбата, падот кај Audi е далеку помал. Марката со четирите прстени го заврши второто тромесечје со загуба од близу 700 милиони евра. Но, од друга страна е тука Porsche, кој во истиот период постигнал заработка од 600 милиони евра. Во истиот период лани, заработката била двојно поголема. На крај, минусот во касата на концернот Volkswagen нема да биде толку голем како кај останатите производители.

Добра вест од Audi е тоа што од септември повторно ќе се работи во полна смена во германските фабрики во Инголштат и Некарсулм. Во минативе неколку седмици, во фабриките е вратен голем дел од персоналот. Менаџментот сепак се соочува со голема неизвесност, дали повторно ќе следи намалување на продажбата на возила, како последица од евентуалниот втор корона-бран.

Продажбата на Audi A6 во првите шест месеци се зголемула за 26% во споредба со лани

Во секоја криза има и херои. Audi A6 е неочекуваниот херој во продажбата на марката. Во првото полугодие, таа се зголемила за 26 проценти во споредба со првите шест месеци лани. Падот во продажбата, со 22 проценти, се поднесува многу полесно отколку падовите на конкурентските марки, кои се повеќе од двојно поголеми.

Со точно 95.133 испораки, лимузинската изведба на Audi A6 станала втор најпродаван модел на марката, веднаш по Q5. Тоа значи дека овој бизнис-крстосувач во меѓувреме ги престигнал и класичните бестселери, Audi A3 и Audi A4. Реално, „шестката“ е најпродавана моделска серија, кога ќе се вклучат и бројките од Avant и од Allroad. Практично секој шести продаден автомобил на Audi е од моделот од вишата класа.

Audi A6 Allroad Quattro
Audi A6 Allroad Quattro

Постои добро објаснување за овој феномен на A6. Моделот е достапен со најразлични мотори, во сите категории на моќност. Се нудат и моќни бензинци и моќни дизели, има и верзија со приклучен хибриден погон. Недостига единствено електрична варијанта. Audi веќе има одговор и за тоа, со e-tron и со e-tron Sportback.

Audi очекува уште годинава да се врати во зона на профит

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferrari заработува и среде корона-кризата

Ferrari заработува и среде корона-кризата

Volvo продаде над 600.000 возила изрaботени врз платформата CMA

Volvo продаде над 600.000 возила изрaботени врз платформата CMA