за

Audi очекува уште годинава да се врати во зона на профит

Како Audi ги создава моделите RS?
Како Audi ги создава моделите RS?

Корона-кризата донесе црвени бројки и во финансискиот биланс на Audi за првото полугодие. Баварците сепак очекуваат да ја надоместат загубата уште во текот на годинава. Бројот на нарачки на возила веќе е блиску до нивото како пред пандемијата.

Откако финансискиот биланс за првите шест месеци од годинава го заврши со црвени бројки, Audi очекува масивно зголемување на продажбата веќе во второто полугодие. „Влегуваме во второто полугодие со робустна ликвидност и консеквентно го реализираме нашиот план за претставување нови модели“, изјави финансискиот директор Арно Антлиц при претставувањето на полугодишниот биланс. Марката се концентрира на подрачјата на електрификација и дигитализација на својата моделска понуда.

Првиот човек во финансиите на Audi ја објаснува ситуацијата во којашто се наоѓа целата бранша: „И покрај позитивните сигнали од пазарите, годината 2020 продолжува да поставува исклучителни предизвици. Ние сме крајно концентрирани и се пробиваме низ кризата со неопходната флексибилност. Audi сепак очекува дека прометот ќе биде значително под минатогодишното ниво. „Во нашето актуелно планирање поаѓаме од претпоставката дека ќе ги надоместиме загубите од првото полугодие и ќе ја завршиме годината со позитивен резултат.“ Антлиц понатаму наведува дека очекуваниот оперативен резултат ќе биде „значително под ланскиот, но ќе остане во позитива“.

Наспроти просекот од браншата, продажбата на Audi се смалила одвај за петина, од 906.000 возила лани на 707.000 возила во првите шест месеци

Поради корона-кризата, Audi во првото полугодие забележа загуба во висина од 750 милиони евра. Во истиот период лани, посестринската марка на VW заработила 2,3 милијарди евра. Додека во периодот од јануари до јуни лани биле продадени 906.180 возила, додека во истиот период годинава, продажбата регистрирала вкупно 707.225 возила. Тоа е пад за околу една петина, што сепак е повеќе подносливо од падот од 40 проценти кај големоволуменските марки. Прометот се скусил од 28,8 на 20,5 милијарди евра.

Пари во касата пристигнаа од продажбата на компанијата ќерка Audi Electronics Venture GmbH, којашто сега му припаѓа на концернот VW. Тоа донесе 589 милиони евра во касата. Досегашната компанија за авто-софтвер ќе има клучна улога во новата организација Car.Software на Volkswagen. Нејзиното седиште останува кај Audi во Инголштат.

Веќе се забележуваат првите знаци на заздравување на пазарот за Audi. Во јуни, премиум марката испорачала 8 проценти помалку автомобили од истиот месец лани. Бројот на нови нарачки од светскиот пазар е незначително под нивото пред корона.

Бензински V8 за спортското дуо Audi SQ7 и SQ8

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki произведе 3,5 милиони возила во унгарската фабрика

Suzuki произведе 3,5 милиони возила во унгарската фабрика

Бохум ќе биде „фабрика“ за софтвер на Volkswagen

Бохум ќе биде „фабрика“ за софтвер на Volkswagen