за

Suzuki произведе 3,5 милиони возила во унгарската фабрика

Suzuki произведе 3,5 милиони возила во унгарската фабрика
Suzuki произведе 3,5 милиони возила во унгарската фабрика

Во фабриката на Suzuki во унгарскиот Ештергом, за близу три децении се произведоа 3,5 милиони возила, кои биле извезувани во 123 држави. Suzuki мина долг пат од почетоците во Унгарија во 1991 година, како компанија што по половина век го врати автомобилското производство во земјата. Magyar Suzuki е десетта најголема компанија во Унгарија. Славеничкиот автомобил е хибридна изведба на популарната Vitara. Неодамна лансираните изведби на Suzuki Vitara и SX4 S-Cross со 48-волтна хибридна технологија се произведуваат само во Ештергом и оттука се испорачуваат за целиот европски пазар.

Славеничкиот 3,5-милионски автомобил што се симна од производствените ленти во Ештергом – трета најголема фабрика на Suzuki, по Јапонија и Индија – е хибридна Vitara во бела боја. Најголем дел од вкупната досегашна продукција во унгарската фабрика отпаѓа токму на Vitara, потоа следи кросоверот SX4 S-Cross, додека третото место на најпродавани модели ѝ припаѓа на првата генерација на Swift. Тој беше и прв модел на Suzuki од унгарска продукција, а воедно и модел што во сите генерации досега постигна одличен успех и на македонскиот пазар.

Од вкупната продукција од 3,5 милиони возила во Ештергом, изненадувачки е податокот дека тие се извезувани и во Доминиканската Република, во Гватемала, па дури и во Вануату, во југозападниот регион на Пацифичкиот Океан. Дури 88 проценти од ланската продукција од 180.000 возила во Magyar Suzuki, извезени се во вкупно 123 држави.

Вакви историски достигнувања секогаш ни претставуваат повод за голема прослава и сите наши вработени имаат своја улога во овој успех. Покрај тоа, некои колеги учествувале во проиводството на сите 3,5 милиони Suzuki, било да работеле на производствената лента, било во администрацијата.

Јошинобу Абе, генерален директор на корпорацијата Magyar Suzuki

Во 1992 година, компанијата произведе 1.000 возила, а денес само во еден ден, од производствената лента се симнуваат околу 700 возила во две смени. Во овој период, од фабриката во Ештергом излегоа иконски модели, меѓу кои трите генерации на Swift (1992, 2005, 2010), првиот унгарски миниван Wagon R+ (2000), Ignis (2003), SX4 (2006), Splash (2008), SX4 S-CROSS (2013), а секако и најпопуларниот модел до денес, Vitara (2015).

Во почетокот биле потребни по три денови за изработка на возило, сега тоа трае само еден ден

Во првата генерација на Swift во најголем дел се изработуваше рачно, со половина дузина роботи во погоните за заварување, додека денес оваа постапка е целосно роботизирана. Технологијата напредуваше постојано. Додека во почетокот беа потребни три денови да се изработи еден автомобил, денес возилата се завршуваат за еден ден.

Фактот што 3,5-милионскиот автомобил е хибридна изведба на Vitara е сведоштво дека Magyar Suzuki постојано е во чекор со технолошкиот напредок. Од минатиот декември, Magyar Suzuki ексклузивно ги произведува Vitara и SX4 S-CROSS со 48-волтен стартер-генератор за целиот европски пазар.

>>> Како Suzuki Vitara ја укина индустријализацијата на секојдневието

suzuki vitara hybrid N

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi со дрон ги бара возилата за испорака од фабрика

Audi со дрон ги бара возилата за испорака од фабрика

Како Audi ги создава моделите RS?

Audi очекува уште годинава да се врати во зона на профит