за

Audi со дрон ги бара возилата за испорака од фабрика

Audi со дрон ги бара возилата за испорака од фабрика
Audi со дрон ги бара возилата за испорака од фабрика

Audi во фабриката во Некарсулм користи сопствен систем од дронови за лоцирање на возилата за испорака. Дронот самостојно се движи над плацевите во фабриката и со помош на GPS и RFID ја снима точната позиција на сите возила при надлетувањето. Тоа им користи на вработените, за да можат точно да ги одредат потребните чекори за возилата да им се испорачаат на клиентите.

Во фабриката во Некарсулм се произведуваат Audi A4 Limousine, A5 Cabriolet, Audi A6, A7 и A8, како и Audi R8. По заминувањето од халите, вработени ги паркираат возилата на огромните плацеви во кругот на фабриката. За овие возила да се испорачаат до нивните сопственици, неопходно е прецизно планирање, почнувајќи од самото производство, до предавањето на возилото. Аудијанците (така полуофицијално си се нарекуваат вработените во Audi) во оваа фабрика, од неодамна добиват помош од воздух: Тие користа дрон, за поедноставно и побрзо лоцирање на возилата.

Поради разновидните модели што се произведуваат, оваа фабрика е меѓу најкомплексните во целиот концерн. Поради тоа, голем предизвик е точно да се планираат налозите. Искуствата од Некарсулм ќе се применуваат и во останатите фабрики на Audi и на концернот Volkswagen.

Audi веќе има обучено четири „специјалци“ за ракување со индустриски дрон, кои располагаат со соодветна дозвола

Процесот се базира врз чип RFID (radio-frequency identification) што се вградува во секој Audi. Специјално развиен хексакоптер – со шест пропелери – лета по претходно утврдена рута на висина од десет метри и точно ги лоцира паркираните возила. По слетувањето на дронот, податоците се пренесуваат преку W-Lan. Од овие податоци, потоа се изработува дигитална карта за вработените.

>>> Audi Q5 прв со задни светла со ОЛЕД-техника

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Panamera наскоро добива моделско освежување

Porsche Panamera наскоро добива моделско освежување

Suzuki произведе 3,5 милиони возила во унгарската фабрика

Suzuki произведе 3,5 милиони возила во унгарската фабрика