Ferrari заработува и среде корона-кризата

Ferrari заработува и среде корона-кризата
Ferrari заработува и среде корона-кризата

Ferrari во второто тромесечје им испорачал само 1.389 автомобили на своите клиенти, а прометот опаднал за 42 проценти. Заработката и покрај тоа не изостана, иако е минимална. За преостанатиот период, Италијанците сепак се резервирани.

Спортската марка Ferrari повторно ќе ги коригира своите очекувања за бизнисот до крајот на годинава, поради пандемијата. Менаџментот во Маранело очекува билансот да се движи меѓу 1,075 и 1,125 милијарда евра. Во мај, италијанскиот производител ја намалеи предвидената вредност на оперативната добивка на 1,05 до 1,2 милијарда евра.

Прометот до завршетокот на годината ќе надмине 3,4 милијарди евра, што е во рамките на предвидувањата. Ferrari исто така мораше да го прекине производството во времетраење од близу два месеци, во корона-кризата. Меѓутоа, откако Маранело се врати во погон, нагло почнаа да растат нарачките за нови возила.

Во периодот од април до јуни, Ferrari испорачал 1.389 автомобили, што е половина од нивото во истиот период лани. Прометот во второто тромесечје опаднал за 42 проценти, на 571 милиони евра. Оперативниот биланс опаднал за 60 проценти на 124 милиони евра. Тоа е сосем во рамките на очекувањата на аналитичарите. Вредноста на акциите во Милано пораснала за еден процент.

Под завршната црта, Ferrari може дури да постигне мала заработка, во висина од 9 милиони евра. Лани, заработката во периодот изнесувала 184 милиони евра.

https://www.instagram.com/p/CDOvErCBI2e/

Претходна објаваKia собра над 2.000 фудбалски обувки за хуманитарни цели
Следна објаваAudi A6 стана втор најпродаван модел на Инголштат

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here