Само 14% од германските возачи уште се за дизел

Само 14% од германските возачи уште се за дизел
Само 14% од германските возачи уште се за дизел

Истражување во Германија покажа дека три четвртини од возачите го сметаат хибридниот погон како најпогодно еко-решение, а две третини се сложуваат за сообраќајот да се запре при прекумерна загаденост на воздухот.

Од анкети никогаш доволно. Истражувањето што институтот Форса го спроведе во Германија по налог од Таргобанк меѓу 1.000 репрезентативно избрани возачки и возачи, бараше одговори за критериумите што се поставуваат при купување нов автомобил, потоа бараше став околу алтернативниот погон и гледишта за сообраќајно-политичките прашања и мерки во земјата.

Резултатите потврдија дека возачите го ценат алтернативниот погон и го земаат предвид при изборот на следниот автомобил. Тоа важи особено за возилата со хибриден погон. Во споредба со ланските резултати, годинава хибридите напредувале за шест процентни бодови, односно 23% од испитаниците би се решиле за таков автомобил. Хибридниот погон постигнува уште повисок резултат на прашањето, кој погон нуди добар компромис меѓу мало загадување на животната средина и добар досег. Дури 73% од испитаниците ценат дека тоа се хибридите.

Бензинците се прв избор за 29 проценти од испитаниците (лани биле 43%), додека за дизел би се решиле само 14 проценти (лани биле 17 проценти)

Дури и водородниот погон напредува меѓу германските возачки и возачи, со шест проценти или два проценти бодови повеќе од лани. Според анкетата, осум проценти би избрале чисто автомобил на струја. Има промена во еден друг аспект. Само 49 проценти од испитаниците ценат дека електричните возила се подобри за животната средина од возилата со мотор со внатрешно согорување – лани 57 проценти се изјасниле во корист на електричните возила.

Еден од три возачи (37%) планира својот автомобил со мотор со внатрешно согорување да го смени со возило со алтернативен погон

На прашањето, „дали во централното градско подрачје треба да постои општо ограничување на брзината на 30 km/h“, позитивно одговориле 41% од испитаниците, додека 58 проценти не се сложуваат со таа мерка. Но, ситуацијата се менува драстично, доколку сообраќајот треба да се забрани, како мерка за намалување на загаденоста на воздухот. Со таква мерка би се сложиле две третини од анкетираните лица.

Автомобилот за многумина не е само статусен симбол, туку е неопходно превозно средство до работа. Три од пет вработени лица одговориле во анкетата дека на работа секогаш патуваат со автомобилот, секој петти повремено го практикува тоа, додека само 18% немаат потреба да користат автомобил.

Хибридниот Mercedes A-Class поевтин од топ-дизелот

 

Претходна објаваToyota Supra излегува со 450 КС од тјунерската работилница на Manhart
Следна објаваDAF со хидрауличен погон за предните тркала

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here