за

Toyota Supra излегува со 450 КС од тјунерската работилница на Manhart

Toyota Supra излегува со 450 КС од тјунерската работилница на Manhart
Toyota Supra излегува со 450 КС од тјунерската работилница на Manhart

Mahnart е позната адреса кога се бара тјунирање. Германските експерти за КС работат со Lamborghini и McLaren, со Audi и со BMW, а сега и со Toyota. Трилитарскиот турбо-шестцилиндарец таму добива 450 КС и 650 њутнметри.

Тјунерот Manhart од германскиот град Вупертал важи како еден од највештите специјалисти за тјунирање на BMW. Родстерот на баварците моментно ја дели техниката со една јапонска легенда, Z4 и Supra имаат исто подвозје и ист погон. Нормално дека техничарите не му одолеаја на предизвикот да го применат своето „бемвеовско“ знаење и на моторот во спортското купе на Toyota.

Преработената изведба се води како GR 450. Не е мајсторија да се погоди дека моќноста изнесува 450 КС или за 110 КС повеќе од стандардната изведба на линискиот шестцилиндарец B58 со твин-турбонатполнење. Порасна и вртежниот момент, од 500 на 650 њутнметри. Тоа е постигнато со вградување на дополнителната контролна единица MHtronik, со ремапирање на ECU и со специјален издув, задолжително со „клапна“.

Со засилувањето на моторот следи и зафат во подвозјето, за уште подинамични возни својства. GR 450 поседува спортски пружини H&R, а со доплата може да се добие и навојно подвозје KW, варијанта 3, посебно дотерано од специјалистите на Mahnart – и спуштање за 35 милиметри.

Типично за Manhart е подготвен и комплет од украсни фолии, кои внесуваат дух на мотоспорт во појавата на Supra. Главната мамка за погледите се бандажите Manhart Concave One, со двојни краци и со дијамантско полирање. Предните бандажи имаат димензија 9×20 инчи, задните 10,5 x 20 инчи. По желба, бандажите може да имаат црн сјаен или мат црн финиш. Гумите се со димензија 265/30 ZR20, односно 285/30 ZR20.

Цените:

  • Ремапирање 2.899 евра
  • Подвозје KW Var. 3 2.259 евра
  • Декоративни налепници 999 евра
  • Комплет издувен систем 2799 евра
  • ECM за клапна 350 евра
  • MHtronik 1999 евра
  • Бандажи Concave One 2189 евра

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW ќе освежи софтвер на 500.000 возила „по воздух“

BMW ќе освежи софтвер на 500.000 возила „по воздух“

Само 14% од германските возачи уште се за дизел

Само 14% од германските возачи уште се за дизел