Камионскиот огранок на DAF во соработка со специјалистот Paul NFZ од Германија, разви хидрауличен погон за предната оска, наменет за сериите XF и CF.
Новиот погон се води како PXP, кусо од Paul Xtra Power и наменет е како помош при поаѓање. Притоа се користат хидраулични мотори од Poclain што се вградени во оските на предните тркала.
Овие мотори дејствуваат до брзина од 20 km/h и обезбедуваат дополнителна влечна сила до 12.800 њутнметри на предните тркала. Системот е наменет првенствено за камионите што наоѓаат примена во градежништвото. Погонот се вклучува преку посебен прекинувач во кокпитот.
Отворениот хидрауличен систем поседува хидраулична пумпа што се приспособува според оптоварувањето и наменета е за дополнителни уреди. Дополнителната тежина за PXP, вклучувајќи 55 литри масло за хидраулика, изнесува 540 килограми.
https://www.instagram.com/p/B_mIkzGA5_2/
















