Во интервју за англискиот магазин Auto Express, шефот на Seat потврди дека компактниот теренец на база на Leon наскоро ќе се појави на пазарот.
Според шефот Јирген Штакман, прв човек на шпанската марка во концернот Volkswagen, спортскиот теренец е еден од главните приоритети на Seat. Пазарот на овие возила бележи пораст во континуитет и Seat не смее повеќе да го одолговлекува влезот во овој профитабилен сегмент.
Изгледот на спортскиот теренец на Seat ќе ги следи основните контури на концептниот автомобил Seat IBX, што Шпанците го прикажаа на салонот во Женева во 2011 година. Моделот ќе ја користи платформата на актуелниот Leon, која впрочем е идентична со Golf и со сите сегашни и идни модели од компактниот сегмент, а со димензиите на каросеријата ќе биде сличен на Volkswagen Tiguan. Може да се очекува моделот да влезе во сериско производство веќе в година.
Шпанската марка се подготвува уште еден модел на теренец, чија што премиера ќе следува во 2016 година. Овој модел ќе биде повеќе спортски ориентиран, во согласност со имиџот на Seat, а веројатно ќе поседува и каросерија со примеси на купе, како следен дизајнерски тренд во сегментот на теренците.