за

Toyota останува најголем авто-производител во светот

Ривалите се приближуваат сé повеќе до позицијата на Toyota како најголем производител на автомобили во светот. Но, додека се случи смената на врвот, преостанува долга борба.

Во првите шест месеци Toyota забележа пад во продажбата на возила од 1,2 процент на глобално ниво, но и покрај тоа го задржа првото место како најголем производител на автомобили. Ривалите General Motors и Volkswagen постојано го намалуваат заостатокот и експертите очекуваат дека до крајот на годината може да се случи GM да застане на врвот.

Групацијата Toyota, во која што припаѓаат уште Daihatsu и Hino Motors, во првата половина од 2013 година продаде 4,9 милиони возила. Вториот на списокот, американскиот гигант GM, заостанува со 4,85 милиони возила и раст од 3,9 проценти, додека третиот најголем производител, групацијата Volkswagen, во истиот период продаде 4,7 милиони возила, воедно со најголем плус од 5,5 проценти.

Vokswagen е во голем пробив. Во првото полугодие, Германците имаат само 150.000 возила помалку од GM, додека во истиот период лани, оваа бројка изнесуваше 220.000 возила. Разликата се смалува постојано. General Motors профитираше најмногу од порастот во продажбата на домашниот пазар, додека во Европа и во Јужна Америка забележа пад во продажбата. Концернот од Волфсбург си постави цел да се искачи на првото место до 2018 година. Јапонците, пак, го задржаа првото место првенствено со големиот раст на продажбата во Северна Америка.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шефот потврди: Seat ќе прави теренец

Катастрофални резултати од краш тестовите во Јужна Америка