Почна производството на Mercedes GLA

Во фабриката во Раштат денес се симна првиот примерок од новиот Mercedes GLA. Компактниот теренец е четврти од вкупно петте нови модели врз база на класата А.

Производството на новиот Mercedes GLA во фабриката во Раштат стартуваше без нарушување на тековното производство на моделите од класата А во три смени. GLA зафаќа поголем дел од капацитетите во фабриката во Раштат, така што производството на класата А во одреден дел ќе се пресели во друга хала.

Освен во Раштат, моделите од компактното семејство на Mercedes се произведуваат уште во Кечкемет, Унгарија. Флексибилната организација на производството на компактните модели на Mercedes ќе се дополни и со погоните во Valmet, во Финска. До 2016 година треба да се произведат повеќе од 100.000 примероци од класата А во Финска.

Претходна објаваDacia Duster го наполни оружјето
Следна објаваИзвештај на TUV: Кои модели се расипуваат најмалку, кои најмногу?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here