Од 1989 година во Романија се одбележува 1-ви декември како национален празник на обединувањето на Кралството Романија и Трансилванија. По тој повод беше претставена една мошне борбена верзија на Duster.
Воениот Duster е подготвен од Renault Technologie Roumanie и според техничарите целосно ги исполнува барањата на Романската армија и на НАТО за возила за воени потреби.
Duster во стандардната зелена боја на војската мина под Триумфалната капија во Букурешт, со целосна заштита на каросеријата од огнено оружје, со заштитни плочи под возилото, резервоар отпорен на куршуми, како и со вител, и специјални држачи за транспорт со хеликоптер. Највпечатлив е сепак митралезот поставен на покривот, за кого не се откриваат подетални информации.