за

Новата класа Е на Mercedes во салонот на Мак Аутостар

Вообичаено за Mercedes, новите модели доаѓаат на македонскиот пазар рано по стартот на продажбата во матичната земја. Правилото на Мак Аутостар го испочитува и новата класа Е.

Иако во основа се работи за фејслифт, обемот на промените во моделот и инвестицијата што Daimler ја одвои во усовршувањето повеќе наведуваат да се зборува за нов отколку за освежен модел. Промените во внатрешноста се многу посуштински отколку што навестуваат новите форми во каросеријата. „Новата класа E која веќе е во салонот на Мак Аутостар, е уште едно продолжување на успешната приказна на Mercedes која ја имавме во изминатава година со претставување на новите модели со врвен дизајн и врвна технологија. Како што велат во фабриката Mercedes, за да се создава иднина, треба се биде во одлична форма, а токму тоа е и главната порака за новата E-Class – во совршено издание“, изјави директорот за маркетинг на Mercedes-Benz Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во најдинамичната класа E во историјата се вградени дури 11 нови или усовршени помошни системи, развиени првенствено за новата генерација на класата S. Моделот од вишата класа може автоматски да го одржува растојанието од возилото напред и во итни случаи иницира самостојно сопирање, што претставува полусамостојно управување или чекор поблизу кон паметните автомобили кои ќе можат сами да се управуваат.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Новата класа E за првпат нуди избор на два различни дизајни на предниот дел од возилото, односно класичен дизајн со препознатливата маска и ѕвезда на хаубата, како и верзија Avangarde верзија, со спортски изглед на маската и со ѕвезда во неа, својствено за брзите модели на марката.

Традиционалните двојни предни светла се заменети со единечен склоп на светлата, но кога ќе се вклучат светлата, се добива графички изглед на двојни светла. Во поглед на светлата и видливоста, класата E поставува нови стандарди: Средните како и дневните светла се изработени во LED технологија и се дел од станадардната опрема на возилото, додека целосни LED светла се исто така достапни како опција, за првпат во оваа класа.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Внатрешноста на E-Class е освежена и хармонизирана со експресивниот изглед на надворешноста. Високиот квалитет на материјалите и рафинираниот изглед го истакнуваат високиот квалитет на изработка. Купувачот има на располагање четири конфигурации на суспензија: Стандардна со припособлива амортизација, спортска со подвозје спуштено за 15 милиметри, спортска верзија AMG и пневматска амортизација со електронска контрола, инаку стандард кај моделите со мотор V8.

Сите мотори стандардно поседуваат систем старт / стоп и се одликуваат со висока ефикасност. Новитет е бензинскиот мотор BlueDIRECT со четири цилиндри, со насочено распрскување при директното вбризгување на горивото, технологија заснована на последната генерација на 6 и 8 цилиндрични мотори на Mercedes-Benz.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Оваа технологија вклучува брзо дејствувачки пиезо вбризгувачи, како и брзо палење со повеќе искри, турбо полнење, варијабилно приспособување на вратилото како во однос на всисната, така и во однос на издувната страна, како и воведувањето на стратификуваниот процес на согорување во комбинација со турбо полнење. Како резултат на сето тоа, новата класа E со овој мотор постигна комбинирана потрошувачка од 5,8 L/ 100 km.

Сите 6-цилиндарски мотори во класата E се достапни како BlueTEC со EU6 станадард.

Понудата на мотори е збогатена со E 300 BlueTEC HYBRID, кој комбинира 4-цилиндричен дизел мотор со 204 КС и електричен мотор од 27 КС, при потрошувачка од само 4,1 L/100 km.

Посебно за новата класа Е изработена е интернет презентација на страницата http://www.e-iskustvo.com/

Цените на моделите од гамата на новата класа Е (цени во евра)

E 200 CDI 43,760
E 220 CDI 47,110
E 250 CDI 52,180
E 250 CDI 4 MATIC 59,000
E 300 BlueTEC 59,610
E 350 BlueTEC 62,740
E 350 BlueTEC 4 MATIC 65,860
E 200 45,520
E 250 51,910
E 300 58,360
E 300 4 MATIC 61,480
E 350 61,520
E 350 4 MATIC 64,640
E 400 64,080
E 400 4 MATIC 67,360
E 500 80,950
E 500 4 MATIC 84,070
E 63 AMG 117,940
E 63 AMG 4 MATIC 122,420
E 63 AMG S 4 MATIC 135,470

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Екстремен родстер за 100-от роденден на Aston Martin

Престижните европски лимузини напаѓаат во Кореја