Знаменосецот на Volkswagen постигнува завиден успех на кинескиот пазар. Од воведувањето на пазарот во 2004 година се продадени повеќе од 24.000 примероци.
Кинеските купувачи на Volkswagen Phaeton особено ги ценат можностите да внесат личен печат во нивните возила, како на пример преку изборот на видот на дрвените облоги за облагородување на внатрешноста. Големата лимузина на Volkswagen се продава во посебни салони наречени „Volkswagen Lounges“, 
Од вкупно 59 специјализирани салони за Phaeton, дури 29 се унапредени во „Volkswagen Exclusive Lounges“, во коишто освен Phaeton се продаваат и Touareg и бизнис изведбите на Transporter T5. Кинезите во последно време покажуваат зголемен интерес за теренските возила. Дури 60 проценти од увезените возила од марката Volkswagen во Кина се теренци.

На кинескиот пазар годишно се продаваат 15 милиони возила, а вкупниот возен парк моментно изнесува 52 милиони возила. Со 3,27 милиони продадени возила и пазарен удел од 20 проценти, концернот Volkswagen е лидер на овој пазар. Само од матичната марка Volkswagen се продадени 2,51 милиони примероци. Од 82.000 увезени возила во оваа година, дури 4.000 примероци се од моделот Phaeton.
















