Светска премиера на Mazda CX-3 во Лос Анџелес

Mazda ќе го претстави новиот кросовер на база на Mazda2 на салонот во Лос Анџелес, заедно со фејслифтот на Mazda6 и на CX-5.

Како што се очекуваше, јапонската марка ќе одржи светска премиера на новиот кросовер во гамата, позициониран под CX-5. Дизајнот и технологијата на новиот CX-3 ќе се ориентираат според останатите модели во гамата, односно според дизајнерските начела на Kodo и технологијата Skyactiv. Како што Mazda наведува во денешното соопштение, дизајнот еволвира во поостра форма што става повеќе нагласок на впечатокот на брзина.

Заедно со CX-3, на салонот во Лос Анџелес, што се одржува од 21-ви до 30-ти ноември, премиера ќе имаат и освежените моделски верзии на Mazda6 и на компактниот кросовер CX-5, како и неодамна претставената нова генерација на родстерот MX-5.

Претходна објаваНајголемиот „зорб“ во светот – со Nissan Note внатре
Следна објаваКинезите го обожуваат Volkswagen Phaeton

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here