за

Најголемиот „зорб“ во светот – со Nissan Note внатре

Креативците на Nissan смислија нешто посебно: Напумпаа шестметарски зорб околу вистински Nissan Note, го стркалаа по надолнина и сето тоа го снимија на видео.

Nissan го направи најголемиот „зорб“ во светот, со вистински Note заштитен безбедно во средината на зорбот. Огромната воздушна топка висока колку двокатница и со обем од преку 18 метри е изработена со цел да се нагласи безбедносната технологија што ја поседува Nissan Note, најпродаваниот малечок автомобил на јапонската марка.
Оваа колосална структура со прекар „Карзорб“ е снимена како се тркала по стрмна надолнина, а светот денес може за првпат да ја види целата оваа палавштина на Nissan.

Зорбингот потекнува од Нов Зеланд и се состои во тоа што зависниците од адреналин се тркалаат по надолнина во орб, односно во надуван балон изработен од издржлива пластика. Зорбот обично е изработен од два слоја на надувување, како заштита при тркалањето. Со цел на симболичен начин да ја прикаже ефикасноста на безбедносните системи во Note, Nissan отиде чекор подалеку и изработи огромен зорб, за внатре да го собере автомобилот. На крајот, зорбот беше тестиран на таен воен полигон во Велика Британија. Изработката на зорбот тежок преку еден тон траеше два месеца.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Nissan GT-R ќе има хибриден погон

Светска премиера на Mazda CX-3 во Лос Анџелес