
Сузуки ја објави новата стратегија, со којашто се утврдени плановите за следните десет години. Целта е да се забрза пуштањето нови модели во продажба, почитувајќи ги животната средина и ресурсите.
Во поглед на погонот и општо технологијата, јапонскиот производител ќе следи повеќе правци и ќе се приспособува соодветно на различните потреби во одделни региони и на барањата на пазарот.
Поточно ќе се работи на нови сериски хибридни системи (бензинецот служи како генератор, електромотор ги движи тркалата), нови мотори со внатрешно согорување со турбо натполнење, како и на нов хибриден систем што се развива под името Супер Ене Чарџ.
Тоа ќе биде исклучиво штедлив 48-волтен благ хибриден погон. Секако дека ќе се развиваат и електрични погонски системи. Понатаму ќе се работи на полесни возила во коишто е поприсутен софтверот.
Развој во Јапонија, производство во Индија
За новите модели да се појавуваат побрзо во салон, од темел ќе се менуваат процесите на развој и производство. До 2030 година, времето за развој на нови модели ќе се преполови. Во исто време, трошоците за развој ќе се скусат за 30 проценти, а производствените трошоци за 50 проценти. Тоа ќе се постигне главно преку дигитален развој и модуларен пристап, односно исти делови за колку може повеќе модели. Главниот развој и натаму ќе се врши во Јапонија.
Во поглед на производството ќе се засилува соработката со индиските фабрики на партнерот Марути. Сузуки планира во земјата да произведува 4 милиони возила годишно од 2030 година натаму. Во моментов во четири фабрики во Индија се произведуваат малку под 3 милиони возила годишно. Од Индија ќе се извезува на бројни пазари ширум светот.
Сузуки Витара доби електрична изведба, првите возила доаѓаат во април














