М-Херо има нов модел Икс 700, има дел од Хуавеј

Менгши, специјалистот за вистински теренски возила на Донгфенг, што непосредно го запознавме со македонската премиера и тестот на М-Херо M817 летоска, додаде нов модел Икс 700, во чијашто развој учестуваше Хуавеј.

На 28-ми септември во Хангжоу беше одбележан почетокот на претпродажбата на Менгши Икс 700, под мотото „Нов живот на интелигентното возење надвор од пат“.

Менгши Икс 700 е прв модел во целосно новата моделска серија Икс на производителот Менгши, познат од неодамна и на македонскиот пазар, откако увозникот на Донгфенг Мотор, скопски АБЦ Брадер, го лансираше М-Херо М817, за моделот брзо потоа се најде на тест-возење во Аутомедиа.

Специјалистот за теренски возила Менгши, со големи искуства како повеќедецениски државен добавувач со тактички возила за кинеската војска, го произведува Икс 700 во три изведби. Сите користат погон на сите тркала и соодветно носат ознаки 285, 285 Макс + и 360 Ултра.

Меѓу посебностите на новиот модел е тоа што за каросеријата може да се избира меѓу шест бои, коишто се слични со боите на кинеските планини и реки. За внатрешноста стојат на избор три различни шеми на бои.

Првите купувачи што ќе го нарачаат Менгши Икс 700, односно М-Херо Икс 700 на извозните пазари, пред тој да се појави во салоните, ќе добијат пет скапоцени и ексклузивни подароци.

Близу 2.000 сопственици пополнуваа прашалници какво возило сакаат, резултатот од тоа е Икс 700

На настанот, производителот посочи дека се пополнети преку 10.000 прашалници со корисниците и наптавени се темелни разговори со близу 2.000 возачи на модел од марката. Врз таа основа се разработени шестте точки што биле главни во развојот на теренецот со класична кутиеста форма:

  • Задоволство во возењето
  • Удобно седење
  • Висока интелигенција
  • Сестраност
  • Издржливост
  • Вистинска цврстина

Наза, советничка за пионерски искуства во Менгши, на свеченоста провери во улога на инспекторка дали сите критериуми се исполнети и го додаде седмиот критериум, а тоа е изгледот. Таа прва нарача Икс 700 и со тоа стана сопственичка на „001“, додавајќи дека „Менгши Икс 700 не само што е убава, туку и навистина привлекува погледи.“

Икс 700 е прв модел што произлегува од стратешката соработка 2.0 меѓу Менгши и Хуавеи Ќенкун (марките од патничките модели на Донгфенг одамна поседуваат технологија од Хуавеи), огранок на техно-гигантот што е посветен на решенија за автомобилскиот сектор.

Близу 30 сензори, радари, камери

Менгши го поставува овој модел како луксузен и интелигентен теренец. Во него работи интелигентен систем за асистирано возење АДС 5 на Хуавеи Ќенкун, заедно со Хуавеи ИксМЦ и ИксУД, којшто вклучува 27 најразлични сензори, за препознавање пречки, одредување на линијата на движење, како и контрола на возилото во сложени услови.

Првпат во браншата се користи систем Пан Ши Шасија 2.0, што поседува магнетореолошки амортизери, двокоморна пневматска суспензија и подготовка на амортизацијата за пречките пред возилото да наиде на нив, како ситем наречен Меџик Карпет.

Според Менгши, ударите што се пренесуваат до кабината се смалуваат за 40 проценти и навалувањето на каросеријата при сопирање се смалува за 0 проценти. За него е издаден сертификат за една од „Десетте најдобри шасии во Кина за 2026“.

Системот Екстрим Пауер располага со системски 518 киловати/705 КС, како и со вртежен момент што се пренесува на тркалата од 10.000 њутнметри.

Новата серија модели на теренскиот специјалист на Донгфенг нуди 13 програми за возење, вклучувајќи Вистински Автоматски Режим на Возење со едно копче, што е подготвен за сите пречки на коишто може да се наиде на терен.

Батеријата на возилото од (КАТЛ) со приклучен хибриден погон има капацитет од 68,1 кВч и според кинеската норма испорачува енергија за 360 километри. Во комбиниран погон со бензинецот се постигнува досег од преку 1.300 километри. Најголемата висина од подлога е 329 милиметри, влегува во река до 80 сантиметри.

Каросеријата ги исполнува сите стандарди за врвна безбедност при судир, изработена од челик со висока цврстина и од алуминиум, што сочинуваат 88 проценти од каросеријата. Од тоа, 30 проценти отпаѓаат на топло валан челик. Отпорноста на торзија достигнува 42.416 њутнметри.

Четири азиски слонови еден врз друг нема да го владбнат покривот на М-Херо Икс 700

Покривот може да издржи товар од 15,5 тони, што е трипати повеќе од стандардите. Батеријата има заштита од удар 14 пати над стандардот, има и шесткратна заштита на ќелиите.

Дури и задните седишта поседуваат вентилација и масажа, електрично местење и можност за залегнување. Со соборување на клупата се добива простор за лежај долг два метри. Не недостига и ладилник/топла комора од 7 литри, приклучок за надворешни потрошувачи до 6 киловати, стакла со двојна изолација.

М-серијата останува врвот на марката, моделите од новата серија Икс ќе бидат подостапни од луксузните М817 и М917.

Засега нема најави дали моделот ќе биде вклучен наскоро во понудата на Донгфенг на македонскиот пазар.

Како изгледаше тестот на М-Херо М817 во Аутомедиа, погледнете на линкот

M-Hero M817 · Тест · Борбен авион во низок лет

 

Претходна објаваВозач на Порше фатен со 300 км/ч може да заврши во затвор

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here