Стелантис и Донгфенг договорија автопилотски системи за Џип и Пежо

Кинеската компанија за софтвер за самостојно управување Момента ќе соработува со заедничката компанија на Стелантис и Донгфенг, во развој на системи за самостојно управување, што ќе се вградуваат во Џип и Пежо.

Софтверот за самостојно управување на Момента досега е вграден во преку 1,2 милион возила.

Момента потпиша договор за стратешка соработка од светски размери со компанијата Донгфенг Стелантис Аутомотив Технолоџи, за софтверот за самостојно управување да се вградува во две марки на концернот Стелантис.

Компаниите заеднички ќе развиваат напредни системи за самостојно управување за новите модели на Пежо и Џип. Технологијата ќе се применува во моделите за кинескиот, европскиот и други пазари, што ќе му овозможи на Стелантис да постигне посилен пробив на пазарот на самостојно управувани возила, за своите големоволуменски марки.

Пежо и Џип ќе соработуваат со Момента во развојот на напредни системи за асистенција во возење, што ќе бидат соодветни на имиџот на марките.

Стелантис ја основаше заедничката компанија со Донгфенг во август, со намера да им конкурира посериозно на кинеските производители на автомобили.

Со овој договор се проширува портфолиото од корисници на Момента, каде што досега се вбројуваат главно германските премиум производители, меѓу кои предничи партнерството со Мерцедес-Бенц. Нивниот софтвер за помош при возење се користи во преку 1,2 милион возила во секојдневниот сообраќај.

M-Hero M817 · Тест · Борбен авион во низок лет

Претходна објаваШеф на Нисан очекува Кинезите за две години да почнат да произведуваат во Северна Америка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here