Паѓа продажбата на Форд во САД, Хјундаи и Киа му го преземаат пазарот

Хјундаи и Киа во третото тромесечје првпат продадоа повеќе возила во САД, отколку Форд. Скапиот бензин и широката понуда од хибриди им одеше во прилог на корејските производители, додека ГМ и Форд паѓаат.

Хјундаи и Киа се пред историски успех на пазарот во САД. Според Кокс Аутомотив, корејската групација во третото тромесечје првпат ќе има продадено повеќе возила отколку Форд.

Тоа ќе биде првпат во историјата, Хјундаи и Киа да престигнат домашен концерн на пазарот во САД. Ројтерс објави и за други поместувања на пазарот на автомобили во земјата.

Форд го губи пазарот

Во споредба со првите три квартали во минатата година, продажбата на Форд годинава е послаба 8,8 проценти. Кокс Аутомотив предвидуваат дека на домашниот производител ќе му припаднат 12,5 проценти од пазарот, што е за близу еден процентен бод помалку од истиот период лани.

Уделот го губи и Џенерал Моторс. Концернот во истиот период продал 6,2 проценти помалку возила и освоил 16,7 проценти од пазарот. ГМ и Форд имаат најголем пад меѓу 13-те производители што ги следи Кокс.

Детроит губи на важност

ГМ, Форд и Стелантис држат само 36 проценти од пазарот, според предвидувањата. За трите традиционални производители од Детроит, тоа е најниско ниво во историјата.

Според Кокс, единствено Стелантис успеа да го зголеми уделот. Но, тоа не е доволно за да го покрие падот на ГМ и Форд.

Хибридите им носат купувачи на конкурентите

Скапиот бензин ја префрли побарувачката кон возилата што трошат помалку. Војната во Иран ги качи цените на горивата во САД, што непосредно влијаеше за купувачите да почнат да бараат модели со хибриден погон.

Тојота дека има корист од засиленото преоѓање на хибриден погон и секако дека го задржa владеењето на пазарот на хибридни возила. Кокс Аутомотив предвидуваат дека јапонскиот производител ќе постигне раст од 1,1 процент во продажбата во првите три квартали. Хонда ја зголеми продажбата за дури 5,6 проценти.

На ГМ му недостигаат хибриди

Ројтерс пренесува дека на дилерите на ГМ им недостигаат хибриди, поради што купувачите преоѓаат кај останaтите производители. Концернот во електрификацијата повеќе се посветува на целосно електричните модели и поради тоа во моментов има само неколку хибридни модели.

Форд трпи поради укинувањето на Ескејп. Компактниот СУВ беше меѓу поштедливите модели на марката. По пожарот кај добавувачот со алуминиум, опадна и продукцијата на пикапи.

Пазарот во САД е релативно стабилен, имајќи ги предвид економските предизвици. Кокс Аутомотив очекува дека во земјата годинава ќе се продадат 16,1 милиони возила, наспроти 15,8 милиони лани.

Претходна објаваЛипмотор Ц10 · На пат од 800 километри со електричен автомобил низ Македонија (Прв дел)
Следна објаваОвој Лексус има 2.000 КС, полн резервоар му чини 7.000 евра и плови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here