Добредојде на целосно новиот Kia Seltos

Во продажниот салон на Kia во Скопје вчера се одржа официјалната презентација на целосно новиот Kia Seltos - современ SUV кој носи впечатлив дизајн, напредна технологија и практичност прилагодена на секојдневното возење.

Првиот изложен примерок од Киа Селтос во салон е во нивото на опременост Икс Лајн, со нагласок на теренскиот стил

(Соопштение за јавност, Премиум Брендс) На настанот присуствуваа претставници на медиумите, партнери и гости, кои имаа можност одблиску да се запознаат со новитетите што ги носи овој модел. Преку детална презентација беа претставени неговиот редизајниран изглед, современиот ентериер, технологиите за безбедност и асистенција, како и решенијата создадени за поголем комфор и функционалност.

„Со целосно новиот Kia Seltos претставуваме многу повеќе од нов SUV-модел. Претставуваме возило што го следи современиот начин на живот и успешно ги обединува дизајнот, технологијата, удобноста и безбедноста. Веруваме дека Seltos ќе го привлече вниманието на сите што сакаат практично и функционално возило, но не сакаат да направат компромис кога станува збор за стилот и возачкото искуство“, изјави г-динот Владимир Билбилов, Генерален менаџер на Kia Македонија.

Целосно нов дизајн со препознатлив Kia карактер

Kia Seltos ни доаѓа со похрабар, порафиниран и посамоуверен изглед. Впечатливата предна маска, препознатливиот светлосен потпис и изразените SUV-пропорции создаваат модерен и динамичен карактер.
Дизајнот ја спојува урбаната елеганција со авантуристички дух, создавајќи возило подготвено и за градските улици и за долги патувања.

Современ и дигитално ориентиран ентериер

Внатрешноста е осмислена околу возачот и патниците, со пространа и внимателно дизајнирана кабина, современи материјали и практични решенија.
Дигиталниот кокпит и интуитивните функции овозможуваат едноставен пристап до информациите и контролите, додека комфорот и функционалноста го прават Seltos практичен избор за секојдневно возење и патувања. Новата генерација на Seltos носи современи технологии за асистенција на возачот, поврзување и безбедност, создадени за поголема сигурност и удобност зад воланот.

Целосно новиот Kia Seltos е веќе во продажниот салон на Kia на ул. „Перо Наков“ бр. 25 во Скопје, каде заинтересираните посетители можат одблиску да го запознаат моделот и да закажат тест-возење. Достапен сега, по цена од 26.900 евра.

За повеќе информации: 02 510 2455

Киа Спортаж доби засилување, Селтос напаѓа класа подолу

Киа Селтос ја враќа СУВ-трката на свој терен, тој е „вториот Спортаж“

Конкуренцијата на Киа Селтос во Топ 10 најдостапни СУВ-компакти

Претходна објаваВолво планира 13 нови модели до 2030, дел за западните пазари, дел за Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here