Шведскиот производител на автомобили соопшти дека шефот на марката Шкода, Клаус Целмер, преоѓа во Волво Карс. Од 1-ви октомври, тој ќе раководи со шведскиот производител на автомобили. Досегашниот прв човек на Волво, Хакан Самуелсон, заминува во пензија.
Целмер е роден во 1967 година и најголемиот дел од својата професионална кариера ја мина во Порше, односно во концернот Фолксваген. Дипломираниот економист почна да работи во Порше АГ во 1997 година, на местото на асистент на членот на управниот одбор за продажба и маркетинг.
Тој вршеше раководни функции во продажбата и маркетингот, пред да биде назначен за претседател и извршен директор на Порше Карс за Северна Америка во 2015 година. Пет години подоцна, тој страна член на управниот одбор за продажба во Фолксваген Патнички Возила. Од 1-ви јули 2022 година, Целмер раководи со марката Шкода.
Со маржа од 8,5 проценти во првото полугодие, Шкода е меѓу најуспешните марки во концернот. Фолксваген АГ неодамна мораше да ги смали своите прогнози за тековната деловна година. Место претходно предвидената маржа од 4,0 до 5,5 проценти, концернот сега очекува да ја заврши годината барем со еден процент во плус. Лани беа 2,8 проценти. Отпишувањето милијарди евра неповратни трошоци кај Порше, слабиот пазар во Кина и трошоците за промените во концернот, силно го погодија контото.
Самуелсон, 75-годишен, во април 2025 година се врати на местото на шеф во Волво, откако претходно раководеше со марката од 2012 до 2022 година. Тој дури во минатата недела објави план за иднината на Волво, со коишто се поставуваат амбициозни цели: До 2030 година доаѓаат 13 нови модели, уделот треба да се удвои, и да се постигне повисока маржа.
Волво од март 2010 година едел од кинескиот концерн Џили. Шведската марка со седиште во Гетеборг во 2027 година ќе прослави еден век постоење.
















