Фолксваген ИД Крос: Исто како електричното Поло, но СУВ

Фолксваген го најави новиот модел уште лани на салонот ИАА во Минхен, тогаш уште како студија. Серискиот модел е готов, познати се цените, малку е сменето од првичниот студиски автомобил.

СУВ-изведбата на електричното ИД Поло ветува многу простор на должина малку над 4,1 метри.

Четворката модели со електричен погон на концернот Фолксваген е целосна, со доаѓањето на последниот, но веројатно во иднина најпродаван модел од истата, СУВ-моделот ИД Крос.

Купра повлече прва, со спортски скроениот автомобил од градската класа Равал. Шпанците го имаа тоа право, затоа што се задолжени за развојот, исто како и за производството на 4-те модели.

Потоа следеше Шкода, со малечок кросовер врз истата плаформа, со име Епик, a трет модел што светот го виде од оваа четворка беше ИД. Поло, а како матична марка на целиот концерн, Фолксваген со ИД Крос добива и втор модел.

Платформата е МЕБ+, позната од сите електрични модели на Фолксваген, од ИД 3 до ИД 7, но поседноставена и приспособена за помали автомобили, со главната разлика што погонот е префрлен напред, место назад.

Меѓуоскиното растојание е исто како кај ИД Поло, со 2,6 метри, но каросеријата е подолга десетина сантиметри и возилото е пет сантиметри повисоко. Габаритите се незначително поголеми и од Фолксваген Т-Крос, со обичен погон.

Германците ја рекламираат просторноста на кабината, наведувајќи дека на задната клупа може комотно да седат тројца патници. Клупата сепак не лизга надолжно како кај бензинскиот Т-Крос.

Има и многу простор за багаж. За оваа класа, вредноста од 475 литри одушевува. Кабелот за полнење не одзема простор, затоа што за него е предвиден посебен простор под хаубата, со зафатнина од 25 литри. Со соборена клупа, „електричниот т-крос“, односно ИД Крос, нуди 1.340 литри простор.

Кокпитот е целосно преземен од ИД Поло и истиот наиде на одличен прием, поради спојот од традиционални елементи за ракување и модерни екрани. Површините што се обложени со платно внесуваат пријатност. Дизајнерите направија хаубата да се гледа од возачкото седишта, ценејќи дека на тој начин се добива впечаток како да се вози поголем автомобил.

Бројни ставки од опременоста потекнуваат од повисоките класи. Меѓу нив се вбројува аудио систем со 425 вати и 10 звучници, но и седишта со електирчно местење и масажа.

Може да се нарача и стаклен покрив, полуавтоматски пилот што препознава црвено светло на семафор, матрични диодни светла и осветлено лого.

Главната група купувачи сепак ќе го гледа основниот модел и ќе им дава значење на досегот, трошоците, погонот. Електромоторот е од тип АПП 290 со постојана магнетна побуда, а важно е и тоа што за енергетската електроника се користат процесори на силициум карбидна основа.

За батеријата се користат ќелии од сопствено производство, а истата е изведена со пристапот сел-ту-пак, што штеди простор и тежина. Може да се избира меѓу батерија од 37 или 52 кВч. Помалата батерија (ЛФП) полни најбрзо со 90 кВ, додека кај поголемата се 105 кВ. Фолксваген наведува податок дека полнењето трае 27, односно 24 минути до 80% наполнетост.

Со помалата батерија понатаму може да се избира меѓу моќност од 116 или 135 КС. Досгот изнесува до 316 километри. Поголемата батерија доаѓа со електромотор со 211 КС и досег до 436 километри. ИД Крос може да влече и приколка до 1,2 тон, на нагорнини до 8 проценти.

Нивоата на опременост се водат исто како кај електричното Поло, односно Тренд, Лајф и Стајл. Ценовникот во Германија почнува од 28.000 евра, што е за три илјади евра над ИД Поло. Најдостапната изведба сепак ќе биде на располагање подоцна. Испораките започнуваат наесен.

Фолксваген Т-Рок · Тест · Гран туризмо од народска марка

Претходна објаваАлфа Ромео подготвува нов Тонале за 2027 година
Следна објаваКинескиот луксузен Шаопенг клапнува кога е жешко

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here