Основа за четирите модели е платформата МЕБ21, меѓутоа четирите модели нема да си личат како јајце со јајце, туку секој ќе си има посебен карактер. Пазарот долго копнее по достапни модели со електричен погон. Продажните успеси што Шкода ги постигна досега со своите Енијак и Елрок се доказ дека електричниот погон минува кај купувачите, доколку пакетот одговара.
Епик со своите 4,17 метри и изглед што влече кон СУВ, денес се води како малечок автомобил, меѓутоа е во сосем различен свет од тоа што некогаш го подразбиравме како малечок автомобил. Електричната платформа не бара многу простор, така што Епик располага со багажник што со 475-те литри е споредлив со Карок со мотор со внатрешно согорување.
Осмислен како едноставен, практичен и доволен автомобил, Епик располага со нормални рачки на вратите, со нормални копчиња на вратите и со физички прекинувачи за климата под средишниот екран од 13 инчи. Возачот добива екран од 5,3 инчи.
Бидејќи светот ги сака малечките автомобили и поради тоа што се малечки, а не само достапни, Шкода ќе ја понуди Епик и во поотмена изведба од стандарндата, со арматурна табла обложена со вештачка кожа, па и штепувана.
Во подот се наоѓа батерија со поедноставна и поевтина хемија ЛФП од 37 кВч или класична НМЦ батерија со 52 кВч. Полнењето на наизменична струја се одвива со 11 кВ, додека на брз почнач се постигнуваат 50, 90 или 125 кВ.
Три степени на моќност, од 85 до 155 киловати
Шкода ќе го понуди Епик во три изведби, со ознака 35, 40 и 55. Во основниот модел работи електромотор со моќност од 85 кВ, односно 115 КС, во средниот модел се добиваат 99 кВ, односно 135 КС, додека врвната изведба Епик 55 испорачува 155 кВ, или 210 КС. Вртежнмиот момент изнесува 267, односно 290 њутнметри.

Тежината со возач изнесува 1.542 килограми во Епик 25, крајната брзина изнесува 150 км/ч (+10 кај Епик 55), забрзувањето изнесува 11,0 секунди, 9,8 и 7,4 секунди соодветно. Потрошувачката според норма ВЛТП изнесува 13,0 кВч/100 км, досегот е 315 километри, односно 430 километри во врвниот модел.
Епик е прв модел со новиот дизајнерски говор на Шкода, наречен Модерно Солидно. Друго нешто што е повеќе од солидно е аеродинамичноста, со коефициент 0,275.
Шемата на работа на предните и задните светла е во форма на Т. Диодни светла напред се стандард, опција се матрични диодни светла со 12 сегменти.
Од Симпли Клевер-новините, тука е практична ташна што служи за чување на каблите за полнење, заштитувајќи го багажникот од валкање. На тоа следи класиката во форма на чадор во врата или држач за билет за паркинг.

Убедливо богат е составот на системи за асистенција, што опфаќа приспособлив темпомат со функција на самостојно запирање, или систем од 4 камери што го прикажуваат возилото од горе, корисно при паркирање.
Пазарот ја мина фазата кога електричните возила беа престиж, сега се бараат електрични возила што се достапни. Концернот Фолксваген одговори, прва стартува Шкода Епик. Во јуни ќе започне продажбата на врвната изведба Епик 55, во ноември ќе се приклучат верзиите 35 и 40, додека в година следи Спортлајн. Цените уште не се соопштени, меѓутоа Млада Болеслав уште лани најави дека Епик ќе чини слично со Камик – со споредлива моќност и перформанси, а тоа значи со најскапите изведби на класичниот модел.
















