Трамп се закани со блокада на пуштањето на мостот Виндзор-Детроит, што е важен за автомобилското производство

Претседателот на САД се закани дека нема да дозволи отворање на новиот мост што ги поврзува Виндзор во Онтарио и Детроит, барајќи Соединетите Држави прво да добијат компензација.

Трамп во објава на друштвените мрежи во понеделникот кажа дека САД „итно“ ќе започнат со преговори за меѓународниот мост Горди Хау, којшто треба да претставува клучна врска за автомобилската индустрија во Северна Америка. По неколку одлагања, планирано е мостот да биде пуштен во сообраќај рано во почетокот на годинава.

Тој кажа дека САД треба да поседуваат „најмалку половина од овој имот.“

Во својата објава, Трамп кажа дека Канада со децении имала „мошне неправеден“ однос кон Соединетите Држави.

Тој вели дека Канада ги поседува и канадската и страната на САД од мостот, којшто е изграден „без какво било учество на САД.“

На владиниот вејсајт се наведува дека Канада ги покрива трошоците за целиот проект, којшто ќе биде во јавна сопственост на Канада и на Мичиген.

Проектот се очекува да чини вкупно 6,4 милијарди канадски долари, повеќе од првично предвидените 5,7 милијарди долари.

Кендис Лејнг, претседателка и извршна директорка на Канадската стопанска комора, во соопштението изјави дека „блокирање или баракадирање мостови е самопоразителен чекор.“

Лејнг кажа дека администрацијата на Трамп постапила правилно во 2017 година, кога во заедничката изјава го поддржа мостот како проект од висока важност. Таа додава дека со современа гранична инфрастуктура се зајакнува економската безбедност на двете страни.

„Низ децениската соработка, Канада и Соединетите Држави граделе заедно, отворале работни места и заеднички се натпреварувале глобално,“ вели Лејнг.

„Напредок не се постигнува преку уништување на воспоставени трговски коридори, туку преку градење мостови.“

Стејси Ларуш, секретарката за медиуми на гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер, вели дека сé што се случува околу меѓународниот мост Горди Хау е „за работните места.“

„Тоа е добро за работниците во Мичиген и добро е за автомобилската индустрија во Мичиген,“ вели Ларуш, додавајќи дека Канада ја финасирала изградбата на мостот и дека во неговата изградба учествувале синдикални градежни работници од двете страни на границата. „Овој проект беше исклучителен пример за двострана и интернационална соработка.“

„Тој поврзува еден пат со друг, и гувернерот се радува што ќе присуствува на сечењето лента.“

Според Транспорт Канада, Амбасадорскиот Мост како тековен граничен премин, овозможува превоз на најразновидна комбинација од товар со висока вредност „што во голем обем потекнува од автомобилскиот и од придружните индустриски сектори.“

„Близу половина од увозот и извозот што по патен сообраќај транзитира преку Амбасадорскиот Мост се автомобили и делови за нив, машинерија и опрема, пластика и електроника“, наведува агенцијата на својот вебсајт.

Сенаторката на САД, Елиса Слоткин, вели дека откажувањето на проектот ќе има „сериозни последици.“

„Повисоки трошоци за бизнисите во Мичиген, несигурни патишта за снабдување, и најважното, помалку работни места,“ кажува сенаторката на Мичиген во објавата на друштвените мрежи.

„Со оваа закана, претседателот ги казнува жителите на Мичиген за трговската војна што тој ја започна.“

Поранешниот премиер Стивен Харпер ја најави изградбата на мостот во 2012 година. Подоцна беше соопштено дека мостот ќе го носи името на хокејарската ѕвезда што играше за Детроит Ред Вингс. Изградбата започна во 2018 година.

Претходна објаваЕлектричната Шкода Епик ќе чини колку Камик со обичен погон
Следна објаваХонда се придружи на предупредувањата дека забавеното преоѓање на електрични возила им штети на производителите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here