Кинескиот луксузен Шаопенг клапнува кога е жешко

Повеќе медиуми во Кина јавија за проблеми кај скапиот електричен ван Шаопенг Икс 9. Кога станува жешко, пневматската суспензија откажува.

Шаопенг Икс 9 од пролетоска се продава и на неколку пазари во Европа. Ванот што располага со најлуксузна опрема е долг 5,3 метри и користи електромотор со моќност од 503 КС во најсилната изведба.

Кинезите стандардно го опремуваат ванот со пневматска амортизација. Но, се чини дека тоа е слабата точка на ванот со којшто Шаопенг сака да им конкурира на традиционалните производители, меѓу другото на новиот Мерцедес-Бенц ВЛЕ.

Како што објави Кар Њуз Кина, повикувајќи се на веста од Џинџо Њуз, повеќе купувачи на возилото во милионскиот град Чунцин, доживеале ненадејно откажување на техниката среде возење. Проблемот бил предизвикан од откажувањето на пневматската амортизација, при што системот го испуштил воздухот и возилото клапнало на една страна или целосно. Некои од возачите претпоставуваат дека причината е топлотниот бран во регионот.

Кар Њуз Кина се обратиле до Шаопенг и добиле одговор, дека системот за пневматска амортизација може во одредени услови да вклучи заштита од топлотно преоптоварување.

Кога висината на возилото се приспособува честопати во текот на возењето при високи надворешни температури, можно е компресорот да прегрее. Во тој случај се вклучува предупредување дека во моментот не може да се менува висината.

Производителот препорачува да се паркира возилото, за компресорот да се излади. Потоа системот ќе си работи нормално. Шаопенг не излезе до подетален одговор, зошто се испушта воздухот и возилото клапнува целосно или странично.

Поплаките се чини не се однесуваат само на моментниот топлотен бран во Кина. На кинеската платформа 12365ауто, што води сметка околу дефектите на возилата, друг сопственик на Шаопенг Икс 9 јавил за постојани дефекти на водушната суспензија.

Првото откажување се случило по само 1.500 километри, за илјада километри подоцна да се врати проблемот. При проверка во сервис, било утврдено дека станува збор за краток спој во преклопник во енергетската електроника, како и за прегорен осигурувач.

Сопствениците почнаа да се жалат уште во минатото лето. На друштвените мрежи се јавуваше за целосно откажување на пневматската суспензија. Неколку дузини сопственици јавија за такви проблеми.

Претходна објаваФолксваген ИД Крос: Исто како електричното Поло, но СУВ
Следна објаваПоранешниот унгарски министер Сијарто се вработи во БИД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here