Поранешниот унгарски министер Сијарто се вработи во БИД

Поранешниот унгарски министер за надворешни работи Петер Сијарто, го напушти парламентот за да работи во БИД, кинескиот производител што гради фабрика на југот на земјата.

БИД планира во четвртото тромесечје годинава да започне со производство на малечкиот електричен модел Долфин Сурф во Унгарија.

Сијарто долги години работеше како висок проруски ориентиран дипломат на Унгарија и се залагаше за вложувањата на Кинезите во производството на електрични автомобили. Тој на новото работно место во БИД ќе биде задолжен за надворешните односи и за проширување на бизнисот на кинескиот автомобилски гигант.

„БИД е една од најуспешните автомобилски стории во изминатите две децении и водечки производител на електрични возила во светот,“ напиша Сијарто во објава на фејсбук на 15-ти јули.

Одлуката на Сијарто претставува уште еден удар за поранешниот премиер Виктор Орбан, кој претрпе силен пораз во април, откако беше цели 16 години на власт. Орбан неделава го загуби водачот на својата пратеничка група во Парламентот, кој ненадејно поднесе оставка, а во исто време и уште една поранешна пратеничка од неговата партија изјави дека планира да основа нова политичка група.

Сијарто, 47-годишен, беше лицето на стратегијата на Орбан, наречена „источно отворање“, којашто им даваше предимство на односите со Москва и Пекинг, наспроти односите со Европската Унија и воениот сојуз НАТО.

Како унгарски министер за надворешни работи, тој настапуваше како главен попречувач во Брисел, настојувајќи да се ублажат санкциите на ЕУ кон Русија, исто како и критичките ставови кон Кина.

Тој одржуваше мошне блиски односи со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кого што европската политика го стави во изолација откако Москва изврши напади во Украина во 2022 година.

Пред априлското гласање излегоа снимки на коишто се слушаше како две лица разговараат, за Сијарто да му помогне на Лавров да отстрани негов соработник од листата на санцкии на ЕУ.

Претходна објаваКинескиот луксузен Шаопенг клапнува кога е жешко
Следна објаваКиа освои награда за најдобро дизајниран концептен автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here