Корпорацијата Киа освои награда Ред Дот за 2026 година, во категоријата Атомобили и Мотоцикли, со концептот на футуристичка спортска лимузина Вижн Мета Туризмо, во конкуренција на концептни возила.
Дизајнот на Киа претрпуваше бројни трансформации во изминативе децении и секогаш беше оценет високо и наградуван е од страна на жирито на Ред Дот, што се цени како најверодостоен и најценет настан од светот на дизајнот.
Тековниот стил на Киа се води како Спротивностите се привлекуваат, со намера да се укаже на рамнотежата што технолошки напредните возила на корејскиот производител ја постигнуваат со животната средина и нејзината одржливост. Освен во природните форми, таа рамнотежа се прикажува и преку каросериските бои, изборот на материјали, но и практичноста и едноставноста во ракувањето.
Киа Вижн Мета Туризмо првпат се појави пред светот на Неделата на дизајнот во Милано, како замисла за гран туризмо модел за дигиталната ера и за следната генерација возачки и возачи. Концептот се заснова врз каросерија со кабина што е поместена понапред, со внатрешност како во домашен салон.
Возилото располага со високи перформанси и возни својства, со напредни дигитални функции што се лесни за ракување, како најава за новиот свет на електричните возила на Киа.
Жирито го одликуваше концептот на Киа поради „пренесувањето на визијата на Киа за мобилноста во иднината, во препознатлив концепт што соединува перформанси, дигитална интеракција и дизајн насочен кон човек“, стои во соопштението од Сеул.
При возење може да се избира меѓу три начини на работа:
- Спидстер го засилува чувството на брзо возење преку визуелни, звучни и светлосни ефекти.
- Дример користи дигитални прикази што прават секојдневното возење во град да биде посебно доживување.
- Гејмер ја проширува врската меѓу корисниците и возилото во стационарни моменти што се испирирани од светот на видеоигрите.
Киа редовно победува и се издвојува на Ред Дот. Во минатата година, Киа ПВ5 Викендер беше именувана за Најдобра меѓу Најдобрите, додека Концепт ПВ1, ЕВ2, ПВ5 и ПВ7 победија во своите категории. Меѓу апсолутните победници на Киа се вбројуваат ЕВ6 (2022), ЕВ9 (2024), ЕВ 3 (2025) и ЕВ4 (2026).
















