Forthing Taikong 5 стартува со продажба во Македонија во 2027

Abc Brother, официјалниот увозник на брендот Forthing за Македонија, беше гостин на престижниот Paris Mondial de l’Auto 2026, еден од најзначајните автомобилски саеми во Европа. Forthing, брендот за патнички возила во составот на групацијата Dongfeng, во Париз ги претстави своите најнови електрифицирани модели.

Taikong 5 е наследник на популарниот модел на Forthing на македонскиот пазар, T5 Evo. Со него доаѓа и семејниот ван T7

Главни новитети на салонот на Forthing на салонот во Париз беа моделите од новото семејство Taikong, коешто го сочинуваат спортскиот Taikong 5 и семејниот ван со изобилство простор Taikong 7.

Двата модели се достапни во електрична (EV) и во приклучна хибридна (PHEV) верзија. Првите моделски изведби што ќе бидат достапни на македонскиот пазар се Taikong 5 EV и Taikong 5 PHEV, коишто увозникот ги најавува за почетокот на 2027 година.

Еден модел, два избори

Taikong 5 е наследник на популарниот Forthing T5 EVO, модел кој многу возачи веќе го познаваат и ценат. Новата генерација ја задржува практичноста на својот претходник, но чекори напред со електрифициран погон и уште помодерна технологија. Се нуди во две верзии, во целосно електрична и во приклучна хибридна изведба, што на возачите им дава избор соодветно на потребите и желбите.

За возачите што го користат возилото во градското секојдневие, но бараат слобода за подолги патувања, Taikong 5 PHEV е вистинскиот избор. Неговата батерија од 40 kWh овозможува до 210 км на струја според WLTP, а бензинскиот мотор е секогаш тука кога ќе затреба.

За возачките и возачите кои се подготвени за целосно да преминат на електричен погон, тука е Taikong 5 EV. Со батерија од 75,3 kWh тој поминува до 510 км со едно полнење. Благодарение на 800-волтната мрежа, 14 минути на брз полнач се доволни за батеријата да се наполни од 30% на 80 проценти.

Голема заинтересираност на медиумите и бизнисот за премиерите на Forthing на салонот во Париз

Внатрешност: технологија и удобност

Без разлика на погонот, во кабината пречекуваат кожени седишта, 8,8-инчна дигитална табла и 15,6-инчен средишен екран на допир. Екранот лесно се поврзува со телефонот преку Apple CarPlay или Android Auto, а телефонот се полни безжично.

Безбедноста е подеднакво важна. Двата модели имаат напредни безбедносни системи како приспособлив темпомат, препознавање сообраќајни знаци, интелигентен асистент за брзина, систем кој го следи вниманието на возачот и многу повеќе.

Taikong 7: простор за целото семејство

Покрај Taikong 5, Forthing во Париз го претстави и поголемиот Taikong 7, создаден за семејства кои бараат простор и долга автономија. Приклучната хибридна верзија Taikong 7 PHEV со 7 седишта нуди вкупна автономија од над 1.000 км, од кои до 190 км со чисто електричен погон.

Моделот е долг 4.750 мм и има меѓуоскино растојание од 2.900 мм. Дури и кога сите седишта се зафатени, багажникот располага со зафатнина од 512 литри. Со соборување на седиштата, просторот се зголемува на 1.730 литри. Во возилото има и 37 преградни простори за складирање. Forthing најави и целосно електрична верзија, Taikong 7 EV.

Forthing ја зацврстува позицијата во Европа

Forthing веќе е присутен на пазарите во Европа, а во 2026 година влегува на уште три нови пазари. Учеството на Paris Mondial de l’Auto, ја потврдува амбицијата на брендот да стане сериозен играч на европската сцена. Со новите Taikong модели, Abc Brother ќе им понуди на македонските возачи модерни електрифицирани возила со богата опрема и напредна технологија.

Повеќе информации за моделите, цените и можноста за пробно возење ќе бидат објавени во наредниот период од страна на Abc Brother.

 

Претходна објаваСтелантис покажува во Париз дека си ја враќа силата во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here