
Писмото од германскиот канцелар Фридрих Мерц од ЦДУ до претседателката на комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, во коешто германските владејачки партии бараат измени во изгласаната забрана за мотори со внатрешно согорување, очигледно е дека предизвика реакции.
Европската Комисија ќе отстапи од строга забрана и ќе дозволи во Унијата се продаваат нови автомобили со мотор со внатрешно согорување и по 2035 година.
Веста први ја објавија Ханделсблат, германски економски весник. Според објавата, комесарот за сообраќај на ЕУ, Апостолос Цицикостас, изјавил дека писмото наишло на позитивен одговор во Брисел.
Сите технолошки можности ќе се земат предвид во новите прописи. Цицикостас притоа навел моторни горива што не испуштаат штетни материи, односно имаат ниска емисија, вклучувајќи и биогорива, како и класични мотори со внатрешно согорување, што не се хибридизирани.
Да за мотори со внатрешно согорување, но само со е-горива и биогорива
Нови возила со мотор со внатрешно согорување ќе смее да се регистрираат и во иднина, само доколку во нив се точи соодветно биогориво или е-гориво. Целта на комисијата на ЕУ е да се овозможи „економски поднослив и социјално поволен“ преод кон погони што се неутрални кон климата.
[the_ad id=”85764″]
Првичниот план беше Комисијата на ЕУ на 10-ти декември да го соопшти ставот за планираните мерки. Но, тој датум сега се одложува. Цицикостас изјави за Ханделсблат дека се подготвува „авто пакет“, што ќе биде претсавен колку е можно поскоро во текот на декември.
Субвенции и локално учество
Покрај новата регулатива за ЦО2, пакетот треба да опфати и мерки за помош на европската индустрија, за таа да ја задржи технолошката предност. Се разговара и за субвенции за големи возни паркови на компании, исто како и за „наменски критериуми за преференци“, со цел да се зајакне европската верига на создавање дополнителна вредност.
Во германската сојузна влада се разговарало и за субвенциите за електрични автомобили да бидат достапни само за возила што поседуваат одреден удел на делови од локално производство, но уште не е прецизирано колкав да биде тој удел.















