Кои марки биле најпродавани во државите во ЕУ во минатата година? Во земјите што имаат моќна автомобилска индустрија, сосем е извесно дека домашните производители се тие што најмногу ја привлекуваат довербата на купувачите. Фолксваген во Германија, Рено во Франција. Други држави, како Данска или Обединетото Кралство, немаат волуменски домашни марки. Преглед на најпродаваните марки во 30 држави во ЕУ.
По Кина (26,1 милиони), Јапонија (7,76 мил.) и Индија (4,78 мил.), прва европска земја што следи на списокот на најголеми производители на автомобили во светот е Германија. Во фабриките во земјата на Фолксваген и Мерцедес-Бенц, во 2023 година биле произведени 4,1 милиони патнички возила. Нормално е возачките и возачите во Германија да се решат за домашна марка, исто како што е нормално Италијанците да се решат за Фиат.
Некогаш има и отстапки. Таков пример е Шпанија, којашто ги има домашните Сеат и Купра, воедно втор најголем производител на автомобили во Европа. Но, таму прва марка е Фолскваген, матичната марка на концернот каде што спаѓа Сеат. Тоа и не е голема отстапка.
Трета земја по производството е Чешка. Тоа нема да ги изненади познавачите, сепак станува збор за Шкода. Потоа следи Словачка, каде што се произведуваат Спортаж и Сид, и поради тоа земјата е 4-та најголема автомобилска сила, меѓутоа главнината од таа продукција заминува за извоз. Словаците сепак се решаваат за марката од соседството, Шкода.
Франција е 5-та сила, со Рено како најпродавана марка патнички автомобили. Пежо, пак, прва е во Португалија. Водечката десетка производители ја заокружуваат Турција, Обединетото Кралство, Италија и Романија.
Најмногу први места има марката Фолксваген, шампионка во осум европски држави во минатата година. Доколку се здружат сите марки на концернот, тогаш Фолксваген предводи на повеќе од половината од 30-те пазари во Европа. Ова владеење се должи на успехот на Шкода Октавиа, Фолксваген Тигуан и Фолксваген Голф. По модели, посебно се издвојува Шкода Октавиа, како автомобил што бил прв во најголем број земји во 2023 – позиција што чешкиот модел ја држи уште од 2020-та година.
Статистиката понатаму ја води продажбата и посебно на возила што се продадени на приватни лица и возила што се регистрирани на фирми. Поентата е во тоа што кога ќе се раздвојат овие две продажби, Дачиа Сандеро е најпродаван модел во Европа меѓу приватни купувачи во 2023 година.
Најпродавани марки по земји:
| Земја | Марка |
| Австрија | Фолксваген |
| Белгија | БМВ |
| Босна и Херцеговина | Шкода |
| Германија | Фолксваген |
| Данска | Фолксваген |
| Естонија | Ауди |
| Ирска | Фолксваген |
| Исланд | Тојота |
| Италија | Фиат |
| Кипар | Тојота |
| Летонија | Тојота |
| Литванија | Шкода |
| Луксембург | БМВ |
| Норвешка | Тојота |
| Обединето Кралство | Фолксваген |
| Полска | Тојота |
| Португалија | Пежо |
| Романија | Дачиа |
| Словачка | Шкода |
| Словенија | Фолксваген |
| Грција | Опел |
| Унгарија | Шкода |
| Финска | Шкода |
| Франција | Рено |
| Холандија | Фолксваген |
| Хрватска | Рено |
| Чешка | Шкода |
| Швајцарија | Шкода |
| Шведска | Волво |
| Шпанија | Фолксваген |
(Малта не е на списокот, вметната е Босна и Херцеговина)
Марки со најмногу победи по земји:
| Фолксваген (8) | Австрија, Германија, Данска, Ирска, Обединето Кралство, Словенија, Холандија, Шпанија |
| Шкода (7) | Босна и Херцеговина, Литванија, Словачка, Унгарија, Финска, Чешка, Швајцарија |
| Тојота (5) | Исланд, Кипар, Летонија, Норвешка, Полска |
| Рено (2) | Франција, Хрватска |
| БМВ (2) | Белгија, Луксембург |
| Ауди (1) | Естонија |
| Фиат (1) | Италија |
| Пежо (1) | Португалија |
| Опел (1) | Грција |
| Дачиа (1) | Романија |
| Волво (1) | Шведска |
















