
Киа ЕВ9 освои уште една важна награда, што носи и дополнителна тежина, затоа што станува збор за сојузна држава на САД што историски повеќе се поврзува со нафта, отколку со возење на струја. Електричниот СУВ на Киа, седумседот и знаменосец ЕВ9, прогласен е за најдобро возило на струја во Тексас за 2024 година.
Тексашното здружение на автомобилски новинари оцени дека СУВ-седумседот Киа ЕВ9 е најдоброто електричнo возило во изборот за 2024 година. Еден од најнаградуваните модели на Киа во изминатиов период, ЕВ9 победи и во категоријата на СУВ со најдобри перформанси, на кросовери од средна класа и општо во конкуренција на возила со електричен погон.
Во сојузната држава што се раководи според животното начело на „во Тексас сé е поголемо“ Киа ЕВ9 ги убеди автомобилските експерти.
Во годишниот избор учествуваа повеќе од 20 автомобилски новинари. Дел од изборот секако дека претставуваат и обемните тест возења. Жирито два дена ги тестира пикапите, СУВ-моделите и кросоверите што влегуваат во избор.
„Трофејната витрина на Киа ЕВ9 продолжува да расте и именувањето за ‘Електрично возило на Тексас’ во изборот за 2024 година е уште еден доказ дека првиот електричен СУВ од големоволуменска марка привлекува масовно“ кажува Стивен Сентер, извршен директор на Киа Америка. „Тексашаните ги сакаат своите СУВ, а новинарите од ТАВА се група со големи барања кај автомобилите, што се свесни за тоа, така што признанието за ЕВ9 е уште поважно за марката Киа.“
По пробувањето на секое возило по зададена рута, новинарите на ТАВА даваа глас за возилата што ги убедиле најмногу, во низа категории.















