Воланот во Пежо во иднина ќе прерасне во Хајперсквер

Место копчиња по воланот, кај Хајперсквер има четири кругови што се користат преку лизгање со палците. Кабел ги спојува тркалата со воланот.

Ѕвездата на настанот на којшто Пежо ќе изложува во следната недела е еден многу важен дел од еден многу важен автомобил. Марката со лавот во јануари излезе пред светот со својот концептен автомобил Инсепшн, различен во секој поглед, па и во воланот. Тој се води како Хајперсквер, и ќе биде во средиштето на вниманието на штандот на Пежо на Вива Тек, настан од светот на напредната технологија што се одржува во Париз.

Пежо се раководи според начелото дека секоја успешна револуција охрабрува да се направи и следна револуција. Француската марка отстапува од шемата и со ај-кокпит (вграден во 12 милиони возила досега), којшто во новите Пежо 3008 и 5008 прерасна во панорамски ај-кокпит. Визионерите во марката веќе го имаат подготвено и чекорот по тоа. Револуцијата што ќе ја донесе Хајперсквер, поголема е од сите ај-кокпитот досега.

На Вива Тек, настан од светот на напредната технологија, што се одржува во Париз од 22-ти до 25-ти мај, Пежо првпат пред домашната публика ќе го прикаже својот концептен автомобил Инсепшн, секако со Хајперсквер, што е суштински дел од него.

Пежо секој ден ќе се одржува по 4 презентации на Инсепшн и Хајперсквер. Шефицата Линда Џексон во јануари првоат го престави автомобилот на еден друг настан од овој вид, на ЦЕС во Лас Вегас, и го опиша како еден вид матрица, од којашто понатаму ќе се изведуваат сите модели на марката.

Инсепшн е различен во секој поглед, но пак не го погазува наследството на француската марка. Во дизајнот на каросеријата се присутни сите обележја на „дивата мачка“, меѓутоа се толкувани со нов пристап. Сите промени се поттикнати од електричниот погон, којшто во иднина ќе биде главниот погон во Пежо, исто како во целата бранша. За погонот, се наведува единствено дека со батеријата од 100 кВ ќе се минува до 800 километри пат.

Пежо го опишува дека дизајнот е „поедноставен и почист, со завршна изработка и со текстри што се вредни за дигиталниот свет.“ Според тимот на дизајнерот Матијас Хосан, „новиот дизајн осцилида меѓу сензуални линии и атлетски облини, геометриски нагласени и остри.“

Освен дизајнот и функционирањето, Инсепшн се разликува и во материјалите. Текстилот во кабината, на пример, изработен е со леење под притисок. Тој целосно се состои од полиестер и се изработува под висока температура и во вакуум, во конечната форма во којашто тој ќе се вгради во возилото. Станува збор за врвна технологија, што вклучува и впрскување смола, што дејствува како врзивно средство на полиестерот. Како и сé друго, и тоа се прави со цел да се смали емисијата на ЦО2 и да се запрат климатските промени.

Седиштата се обложени со сомот што се изработен со три-д печат. Со истиот материјал е обложен и подот. Секако дека како суровина се користи 100% рециклиран материјал.

Контурите на седиштата се изведени со мали воздушни џебови, што се полнат по потреба, односно на тој начин седиштето се приспособува според телото.

Главниот момент секако е Хајперсквер, што во слична форма ќе се вградува во идните сериски модели на Пежо. Французите единствено наведоа дека тој првпат ќе се вгради во модел што ќе биде претставен во 2026 година. Може да се претпостави дека тоа би бил наследникот на 508, лимузинскиот знаменосец на марката, тогаш веројатно во форма на кросовер.

Освен тоа што Хајперсквер се откажува од копчиња на воланот, нема ниту класични рачки зад него. Со едно или повеќе притискања врз круговите на воланот, се вклучува саканата функција, што понатаму може да се приспособува преку движење на палецот по кругот. Дел од Хајперсквер претставува и фактот што нема механичка врска со тркалата – врската е целосно електронска.

Уште еден сотавен дел од Хајперсквер претставува необичниот кружен дисплеј врз таблата, на којшто се прикажуваат информации во 360 степени. Возачот и патниците однадвор ги гледаат информациите што ги засегаат додека се приближуваат. Тука веројатно има уште многу податоци што Пежо допрво ќе ги открива.

Секако дека Пежо нема да мине со „само“ една новина на Вива Тек 2024. Французите ќе претстават и технологија за далечинско управување со возило.

Претходна објаваФранцуски Телеком се снабди со 400 електрични Џип Авенџери
Следна објаваЏорџ Расел возеше 100 години стар Мерцедес за јубилејот од победата на Тарга Флорио

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here