Еден малечок автомобил неочекувано им го одзеде шоуто на најбрзите и најскапи спортски автомобили што постојат, во нивното владение по најотмените квартови во Лондон – златен Citroen Ami, четирицикл со елеткричен погон, за јуниори и сениори.
Citroën Ami летово се пушти да им го украде шоуто на најпознатите и најскапоцени спортски автомобили по лондонските улици, во мисија наречена „Совршениот суперавтомобил за градот“. Обвиткан во златна фолија, електричниот Ami го привлекуваше вниманието каде и да се појавеше.
Четирициклот, прв во триото со Opel Rocks-e и Fiat Topolino, позираше покрај паркираните суперавтомобили по престижните лондонски квартови, а се снимаа и сцени додека Ami возеше по улиците покрај неспоредливо посилните и поскапи автомобили.
Уникатниот примерок од Ami ги посети главните улици на сцената на суперавтомобилите во Лондон, за да се види каде неговото присуство ќе привлече најголемо внимание. Се снимаше на прочуени локации, Најктсбриџ, Њу Бонд Стрит, Мејфер, Парк Лејн. Се покажа дека Ami беше повеќе популарен од кој било егзотичен автомобил. Минувачите ретко пропуштаа да не се сликаат покрај златниот Citroen.
Меѓу многуте нешта, Лондон е прочуен и по подрачјата во коишто е дозволено да се пристапува само со возила со ниска или со нулта емисија на штетни материи. Овие зони постојано се зголемуваат на површината на градот. Тоа на што Citroen сака да укаже со овој потфат: Ami е релативно достапно возило со нулта емисија и со големина што е соодветна за градското секојдневие.
View this post on Instagram
Секако дека замислата на производителот беше Ami првенствено да се најде во возниот парк на компании што ги изнајмуваат возилата за кратко користење. Меѓутоа, се покажа дека луѓето уште повеќе сакаат приватно да го поседуваат овој навистина револуциоинерен микро-автомобил.
Батеријата од 5,4 kWh се полни на домашен приклучок за четири часови. Досегот изнесува 74 километри, крајната брзина е ограничена на 45 km/h.
Овој маркетиншки потфат ќе се одвива во седум британски градови, со седум примероци од Citroen Ami, секој со посебна графика според градот, дизајнирана од Џени Спаркс.
Седумте подготвени примероци од Ami се планирани како награда. Публиката треба само да го скенира кодот што ќе биде поставен на централната локација на настанот во секој град
Од 18-ти август, до 4-ти септември, седумте Citroen Ami ќе ја возат својата тура во Лондон, Бристол, Кардиф,Манчестер, Ливерпул, Њукасл и Единбург
















