Peugeot пред 20 години освои Златен Лав во Кан за рекламата за „206“

Тоа е една од најзапаметените реклами за автомобил во историјата, што француската марка ја сними по четири години откако Peugeot 206 почна со продажба и се потврди како огромен успех.

Во тоа време, Антонио Скоти, директор за маркетинг, раководеше со создавањето на славната реклама „Скулпторот“, во италијанскиот огранок на Peugeot. ТВ-спотот во траење од 45 секунди, првпат се емитуваше на 30-ти јуни 2002 година.

Идејата за таа реклама потекна од Италија. Маркетингот на Peugeot ценеше дека треба да се сними нешто посебно за Peugeot 206, како модел што го наследи легендарниот Peugeot 205. Идејата ја даде агенцијата EuroRSCG (денешна Havas), како креативна замисла на Џовани Поро и Роберто Греко. Нивната работа беше координирана од Анцела Скијавино, а видеото се реализираше во режија на Холанѓанецот Матхијс Ван Хеијнинген.

Тие ја осмислија стратегијата со „Enfant Terrible“, разбирлива и за публиката што не го познава францускиот јазик.

Прочуената „The Sculptor“ се појави кон завршетокот на кариерата на Peugeot 206, откако моделот постигна шампионски продажби. Спотот освои дваесетина награди за реклама во светски рамки, вклучувајќи ги дури и САД, каде што моделот воопшто не се продаваше.

 

Претходна објаваKia освојува награди за дизајн и за своите реклами
Следна објаваЗлатен Citroen Ami им парира на суперавтомобилите по улиците на Лондон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here