Кога производителите и компаниите ќе добијат „црвена точка“ за дизајнот, Red Dot Design Award, тоа се цени како големо достигнување. На Kia тоа ѝ успева често, но Корејците сега добија признание и за дизајнот на своите реклами, за целото осмислување на маркетингот. И автомобилите не изостанаа.
Kia од пред неколку години има ново лого, нов слоган „Movement that inspires“, движење што инспирира, а тоа е само дел од цела нова филозофија што ја воведе Kia и што се води како „Opposites United“, обединети спротивности. Начинот на којшто Kia ги „дизајнира“ своите салони, и воопшто ги прикажува своите автомобили и услуги пред светот, сега е одликуван со награда Red Dot, од еминентни дизајнери и креатори што го сочинуваат овој избор.
Втората награда за Kia е во категоријата на дизајн на корисничко искуство, односно осмислување на начинот на којшто се ракува со функциите во автомобилите. Наградата е за ракувањето со инфо-забавниот систем во EV9, за новиот знаменосец на Kia, секако електричен.
Дизајнерската филозофија „Opposites United“ којашто важи за автомобилите на Kia и за секој настан што е поврзан со компанијата, првпат почна да се користи во 2021 година. Идејата на „обединети спротивности“ е да се воспостави рамнотежа меѓу природата и техологијата, во корист на човекот.
Kia во изминатиов период има учествувано на бројни настани од светско значење, вклучувајќи ја меѓу другото и Миланската Недела на Дизајнот. Тие настани ѝ ја донесоа на Kia наградата Red Dot за 2023 година, за дизајн на марка и комуникација.
Кон завршетокот на август, Kia ќе учествува на настанот „Seoul Light DDP 2023 Fall“, којшто се одржува во престижната Dongdaemun Design Plaza.
Втората награда Red Dot е добиена за дизајнот на кокпитот што првпат се користи во EV9. Сите зафати што се направени во дизајнирањето на кокпитот, имаат за цел да го поедностават ракувањето со функциите на електричниот знаменосец на Kia.
Kia претходно освои награда Red Dot за Niro Plug-in Hybrid (во април) и за EV6, којшто дополнително е одликуван со „Best of the Best“ за пионерскиот и авангарден дизајн на кросоверот.
Македонската премиера на Kia EV6
















