за

Mercedes-AMG GT Coupe: Техниката во германското гран-туризмо

Автомобилска сцена деновиве го насочува целото внимание кон новата генерација на Mercedes-AMG GT Coupe, наследничка на легендарната 300 SL од 1950-те. Со каква техника располага овој експресен крстосувач?

Првото околу новиот Mercedes AMG GT Coupe е тоа што Македонија повторно е среќна со новото дизајнерско дело на Славче Таневски. Во продолжението на објавите за германскиот гран-туризмо што им парира на Aston Martin и Maserati, тема е техниката.

Како и секој AMG од врвна провиниенција, моторот во GT се изработува според старото начело на „One Man, One Engine“. Еден врвен мајстор го склопува моторот од почеток до крај, гарантирајќи за својата работа со плочка на којашто е испишано неговото име.

Моторот не е единствената „техника“ во GT, во секое подрачје во автомбилот се почитуваат врвни мерила.

Мокра спојка место претворач на вртежен момент

Менувачот AMG SPEEDSHIFT MCT 9G се одликува со неверојатно кусо време на менување на степените и посебно е нагорен за GT. Посебноста е во тоа што класичниот претворач на вртежен момент, тука е заменет со мокра спојка. На тој начин се смалува тежината и поради помалата инерција се забрзува реакцијата при притискањето врз гасот.

Целосно варијабилен погон на сите тркала AMG Performance 4MATIC+

Двете моделски изведби располагаат со целосно варијабуилен погон на сите тркала AMG Performance 4MATIC+. Вртежниот момент се распределува целосно варијабилно меѓу двете оски. Посебност е тоа што вешто изработена матрица раководи со тоа дали во моментот ќе се распределува повеќе вртежен момент кон задната оска, или ќе се оди на рамномерна распределба меѓу двете оски – при влажен или при сув асфалт, лете и зиме, на пат со бројни тесни свијоци или со брзи свијоци.

Електромеханика раководи со спојката и ја менува распрделбата на влечната сила меѓу предната и задната оска. GT Coupe може да вози со сооднос 50:50 или со целосно заден погон, зависно од условите – и од желбата на возачот.

Мултилинк оска напред и назад, сите водилки од алуминиумска легура

Предните тркала се водат со пет водилки. Елементите што се задолжени за водење на тркалото и елементите што се задолжени за амортизацијата, работат независно едно од друго. Со тоа се овозможува екстремно странично забрзување и најмаломожно влијание на погонот врз управувањето. Задната оска исто така користи по 5 водилки по тркало.

За да се намалат инерцијалните сили од втор ред, таканаречени небалансирани маси, сите водилки, главите на тркалата и носачите на тркалата се изработени од кован алуминиум. Комплицираната конструкција со по пет водилки се грижи за најмало можно менување на геометријата, кога GT ќе се изложи на екстремно странично забрзување

Подвозје што спречува секакво наведнување на каросеријата, AMG ACTIVE RIDE CONTROL

Активни хидраулични елементи ги заменуваат класичните торзиски стабилизатори, со цел за дел од секундата да го спречат навалувањето на каросериајта во свијоци.

Адаптивните амортизери располагаат со две дополнителни хидраучични врски. Едната е на притискачката страна на амортизерот, другата на влечната страна. Во отсуство на навалување на каросеријата, се подобрува комфорот, а во исто време се овозможува и задржување на геометријата на тркалата, што користи за постигнување врвни вредности на странично забрзување во свијоци.

Активно управувана задна оска соединува агилност и стабилност

Стандардно во новиот AMG GT се вградува активно управување на задната оска. Зависно од брзината, задните тркала се свртуваат спротивно од предните (100 km/h) или во ист правец (над 100 km/h). Со тоа се овозможува од една страна агилно и стабилно однесување во свијоци, при што тркалата реагираат и на најмало завртување на воланот, додека од друга страна се смалува потребниот простор за маневритање при паркирање.

Композитни сопирачки со висока ефикасност и лесни сопирачки дискови

Сопирачките на AMG се одликуваат со висока сила на сопирање и прецизно дозирање. Дисковите се посебно лесни, што исто така придонесува за возната динамика и агилноста во свијоци. Дисковите (од челичен лив) и главата на сопирачките (од алуминиум) сега се споени со специјални клинови, место со завртки. Тоа заштедува простор и помага за подобро ладење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat прави бренд-амбасадори од сопствениците на електрична 500-ка

Kia освојува награди за дизајн и за своите реклами