Водородот ќе го замени метанот како енергенс

Европа преоѓа на производство што не ѝ наштетува на животната средина и тоа е суштински чекор за да се ограничи глобалното затоплување. Водородот е сосем извесно дека во иднина ќе го замени досега користениот метан.

Европскиот индустриски сектор има поставено цел, до 2050 година да ја смали емисијата на стакленички гасови за најмалку 95 проценти.

Студија на институтот Фраунхофер, финансирана од Комисијата на ЕУ, истражуваше од каде Европа во иднина ќе обезбедува „зелен“ водород, што е неопходен за индустријата да произведува без штетни материи.

Анализата покажува дека на европското производство ќе му бидат потребни огромни количини зелен водород, и покрај тоа што сé помасовно се преоѓа на користење елеткрична енергија за да се произведе топлинска енерија, што понатаму се применува во производството.

Експертизата исто така укажува дека е неопходно да се преземат мерки од видот на кружна економија, зголемување на енергетската ефикасност и брзо воведување начини на производство што не ѝ наштетуваат на животната средина. Овие мерки се суштински за да се постигне намалувањето на стакленичките гасови.

Европа може да произведува зелен водород, но не насекаде

Студијата заклучува дека во Европа е можно да се произведува зелен водород. За тоа сепак е потребна координирана и добро испланирана стратегија, којашто се базира врз обновлива енергија и зема во предвид колку водород и струја ѝ се потребни на индустријата.

Побарувачката за струја и водород ќе продолжи да се зголемува до 2050 година. Според сценариото на Фраунхофер, потрошувачката на енергија во индустријата ќе се зголеми меѓу 1.500 и 1.850 тераватчасови (TWh). Главното внимание се посветува во производството на челик, цемент и во хемијата.

Toyota Mirai · Toyota ќе стартува со продажба на новиот водороден автомобил во декември
Toyota Mirai · Големосериски автомобил со погон на водород, втора генерација

Доколку производствените чекори за коишто се троши многу енергија се преселат надвор од Европа, може да се намали побарувачката за водород. Бидејќи во исто време расте енергетската ефикасност, зголемувањето на побарувачката за енергија ќе биде умерено.

Производството на зелен водород условува голема количина обновлива енергија, првенствено од фотоволтаици и ветерници. Експертите утврдиле дека најдобрите локации за производство на зелен водород се во Франција, Шпанија, Обединетото Кралство и Норвешка.

 

Претходна објаваЗлатен Citroen Ami им парира на суперавтомобилите по улиците на Лондон
Следна објаваPassat на струја: Volkswagen почна со производство на ID.7

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here