Европската Унија ѝ понуди на Германија декларација, со којашто ќе се одреди можната улога на таканаречените е-горива, откако забраната за продажба на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување ќе стапи на сила во 2035 година. Со тоа ќе се стави крај на спорот, којшто доведе да се одложи гласањето за новиот закон во почетокот на месецов.
Комисијата на ЕУ, којашто е извршна рака на Унијата, досега уште нема одредено рок за поднесување на предлогот за е-горива. Според луѓе што се упатени во спорот, исто така е неизвесно дали понудата на Комисијата ќе биде доволна да се убедат про-бизнис ориентираните законодавци во владата на канцеларот Олаф Шолц.
Мала е веројатноста дека новите закони ќе бидат ставени на гласање пред изборите во ЕУ во следната година, поради долгото времетраење на постапката што е потребна за законот да помине во Брисел.
Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг, во минатата недела неочекувано и во последен момент излезе со приговор за одредбата за мотори со внатрешно согорување, којашто во октомври веќе доби одобрение од 27-те држави членки на ЕУ и од Европскиот Парламент.
Конечното гласање, коешто беше планирано во минатата недела и требаше да претставува само формалност, откажано е поради тоа што не може да се одржи по приговорот од Берлин.
Декарбонизирањето на транспортот претставува клучен столб во целта на ЕУ да ги намали емисиите за 55 проценти до завршетокот на оваа декада, и понатаму да постигне целосна климатска неутралност до 2050 година. Автомобилите сепак имаат пресудно значење во Германија, каде што автомобилската индустрија вработува околу 800.000 лица и постигнува промет во висина од околу 411 милијарди евра. Со тоа, производството на автомобили претставува најголем дел од економијата во земјата.
In a bid to end a dispute over a planned 2035 combustion-engine ban for new cars, the EU is offering Germany a declaration that would explain a possible role for so-called e-fuels https://t.co/D6rH8YEsE1
— Bloomberg (@business) March 10, 2023
Со новата декларација се менуваат правилата што одредуваат каков вид автомобили ќе може да се пуштат во сообраќај по патиштата во Европа. Промената е во тоа што ќе се дозволи возила што користат исклучиво е-горива да се пуштаат во сообраќај, по стапувањето на забраната за продажба на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување. Тоа го изјавува човек што е упатен во преговорите, меѓутоа не го открива својот идентитет, затоа што станува збор за приватни разговори.
Имајќи предвиде дека молекуларната структура на е-горивата е иста со обичните горива, ќе мора задолжително да се користат дополнителни технологии или адитиви за горивата, со што ќе се обезбеди дека во новите автомобили со мотор со внатрешно согорување, по 2035 година нема да се користат забранетите фосилни горива.
Главното прашање е околу тоа, дали планот ќе биде прифатлив за Висинг, чијашто партија ФДП беше движечка сила зад интервенцијата со којашто се блокираше постапката за гласање за новиот закон.
Министрите за транспорт од земјите што главно се противат за воведувањето построги ограничувања за емисијата, во понеделник ќе одржат состанок во Стразбур, Франција, на којшто ќе се разговара на оваа тема. Германија и Италија, двете најголеми земји што го задржуваат донесувањето на новите закони за ограничување на СО2 од автомобилите, ќе присуствуваат на средбата.
Germany may set a dangerous precedent by challenging a EU agreement to phase out new combustion-engine cars starting in 2035, a Spanish deputy prime minister says https://t.co/GVS7Hb8HMc
— Bloomberg Economics (@economics) March 8, 2023
Поборниците ги опишуваат е-горивата дека тоа во основа е струја од обновлива природа, којашто е претворена во течност што согорувањ, со користење на СО2 што е апсорбиран од атмосферата. Porsche и Ferrari се најгласни меѓу производителите на автомобили, во барањата за е-горивата да се изземат од планираната забрана за мотори со внатрешно согорување во ЕУ.
Критичарите ценат дека е-горивата се напразно потрошена обновлива енергија и дека истата треба да се искористи во подрачја коишто се потешки за декарбонизација. Се појавуваат и сомнежи во дел од индустријата, дека исклучокот за е-горивата може да го доведат донесувањето на законот под знак на прашање.
















