Enyaq Coupé e прва електрична Škoda со значка RS

Škoda Enyaq се продава шампионски, лани се регистрирани близу 45.000 примероци од електричниот СУВ ширум Европа. Superb се продава толку. Сега следи засилување во форма на купе-СУВ, а заедно со него и првата електрична Škoda што ја понесува важната ознака за чешката марка со долга традиција во мотоспортот.

Исто како што тоа го постигнуваат купе-изведбите во моделските семејства на големите лимузини, така и Škoda Enyaq Coupe внесува дополнителни емоции во гамата, заедно со благороден стил. Просторноста на кабината останува, исто и за багажникот со 570 литри нема што да се забележи. Намален е отпорот на воздух на cw 0,234. Во зависност од моделската изведба, тоа дозволува и подолг досег, што во најдобриот случај може да достигне 545 километри.

За Enyaq Coupé iV може да се избира меѓу две големини на батерија, погон назад или на сите тркала, меѓу четири степени на моќност – од 132 kW до 220 kW. Највисокиот степен е резервиран за новиот Enyaq Coupé RS iV. По пример на стандардниот Enyaq iV, место нивоа на опрема се нудат четири различни дизајни на кабината.

Новиот модел на Škoda ќе се произведува заедно со Enyaq iV во матичната фабрика во Млада Болеслав. Тоа се единствени модели врз база на платформата MEB за електрични автомобили на концернот, што се произведуваат надвор од Германија.

https://photos.app.goo.gl/tFZwBpqCQgrXrnqs5

Покрај изведбата Sportline што е веќе стандард во гамата на марката, се нуди и нагласено спортски модел RS. Предниот браник е комплетно сменет, заедно со прагови во боја на каросеријата и тркала со пречник од 19 до 21 инчи. Линијата на покривот почнува да се спушта веднаш зад среднишните столбови и завршува со остар раб. Големиот стаклен покрив во темна боја е стандард кај купето. Тоа е патем најголем стаклен покрив што се вградува во Škoda. Преодот во задното стакло е речиси незабележлив.

Осветлените вертикални ребра во маската се стандард во спортската изведба Škoda Enyaq Coupé RS

Кристалното лице, што е посебност на Enyaq, со 13 диоди што ги осветлуваат исправените ребра во маската, може да се нарача како опција и кај Enyaq Coupé. Оваа маска е стандард кај RS.

https://photos.app.goo.gl/SqDKY93W7uQ4caMV9

Основен модел е Enyaq Coupé iV 60, со заден погон и батерија од 62 kWh, со моќност од 132 kW (180 КС). Втора изведба е Enyaq Coupé iV 80 со 150 kW и батерија од 82  kWh (нето 77 kWh). Изведбата Coupé iV 80x (со моќност од 195 kW) дополнително располага со електромотор за погон на предните тркала, исто како и Enyaq Coupé RS iV, со таа разлика што моќноста кај спортскиот модел изнесува 220 kW и вртежниот момент 460 Nm. Меѓу надворешните обележја на RS спаѓа и црвената лајсна во задниот браник.

За дваесет километри на час екстра крајна брзина кај RS

Спринтот на Enyaq Coupé RS iV до темпо сто трае 6,5 секунди, а крајната брзина е ограничена на 180 km/h – тоа се 20 km/h повеќе од останатите изведби. Ексклузивно за него е достапна мамба зелена боја за каросерискиот лак.

https://photos.app.goo.gl/kdoGD6u5KuaG2SiZ7

Шампион во досег е изведбата Enyaq Coupé iV 80 со најмногу 545 километри. Со доплата за влечна кука може да се влече товар до 1.200 килограми, до нагорнина од 12 проценти.

Чешкиот производител им обезбеди на корисниците на Škoda Enyaq Coupé iV пристап до мрежа од 260.000 полначи во цела Европа, со само една картичка. Преку мрежата на марката може да се нарача и сопствен полнач за поставување во гаража.

https://youtu.be/wRyv5WupHyk

>>> Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Претходна објаваНародниот електромобил на Tesla се одложува на неодредено
Следна објаваЕлектричен Lexus RZ напролет, марката лани продала 760.000 возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here