Просечниот број на растојанија поминати со велосипед ќе се зголеми за 50 проценти, на 180 возења на годишно ниво, по човек. Се предвидува и зголемување на просечната должина на растојанието од 3,7 километри на шест километри. Бројот на загинати велосипедисти треба да се намали за 40 проценти, и покрај значително зголемениот сообраќај.
За овие цели да се достигнат, предвидено е при изградбата на нови патишта или обновување на псотоечките патишта на сојузно, регионално или општинско ниво, да се планираат и пратечки велосипедски патеки. Во метрополите се предвидуваат рути на коишто велосипедите ќе имаат предимство на минување, исто како и брзи велосипедски врски.
На општините ќе им биде олеснето да уредуваат велосипедски патеки. Тие ќе обезбедат повеќе простор за велосипедскиот сообраќај, меѓу другото и со пренамена на паркиралиштата за автомобили. Сојузните власти ќе поттикнат проекти што ќе послужат како модели, за јавните простори да се користат флексибилно и краткотрајно, зависно од потребата.
Во техничките правилници за проектирање на структурата за велосипедки сообраќај ќе се внесат варијанти за заштитени крстосници и ленти за возење велосипед (Protected Bike Lanes). Повеќе внимание ќе се посветува и на посебните услови што се потребни за товарните велосипеди. Инфрастуктурата за велосипеди и автомобили треба да се одвои, каде што тоа ќе биде можно. На местата на коишто двата видови превоз не можат да се одвојат, ќе се воведат ограничувања во поглед на интензитетот на сообраќајот на автомобилите, на пристапот за товарни возила и дозволената брзина.
Со планот се предвидени и унифицирани означувања на патеките и знаци, како и повеќе паркиралишта за велосипеди на железничките станици и пред јавните објекти. Во блискиот железнички сообраќај ќе се предвидуваат повеќе можности за понесување велосипед.
Во финансиски поглед, на сојузно ниво, на покраинско и општинско ниво, за велосипедскито сообраќај ќе се издвојуваат по околу 30 евра по лице, на годишно ниво.
















